Автор Тема: Opel Astra G 1.6 16v  (Прочитано 7943 пати)

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #15 на: 09 Февруари 2020, 18:33:59 pm »
Си ја возел до Лефкада, само на бензин
Ставај плин одма, трпат плин тие бензинци

П.С. Одлично количе, уште ко се појави на времето ми праеше кеиф

Sent from my EML-L29 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #16 на: 09 Февруари 2020, 20:44:27 pm »
@Принц Ти благодарам многу на комплиментот инаку за воланот малце што е оштетен стварно незнам каде и или како сам да го направам ако случајно знаеш некој што репарира вакви работи би било супер доколку споделиш со мене.

@Diesel Да, отпосле сватив на што мислеше и се извинив поради погоре напишаното од моја страна. За другото буквално све си во право и за дрвото не изгледа баш убаво, но на негово место не би знаел што да ставам доколку го тргнам. За последното што го кажа све се согласувам и за комфорт и за економија, но за изглед мислам дека со овие 17-ки изгледа многу поубаво.

@Mikius Јас повторно ти се извинувам, моја е грешката дефинитивно. Би било супер доколку имаш слики и би сакал да ми пратиш, од југото што го имаш постирано бидејќи побарав во темата мое прво возило, но неможев никако да го најдам. Дедо ми имаше југо исто така средено и пицнато и би сакал да ги споредам. Ти благодарам!

@head Да летово бев на одмор во Лефкада и преубаво си поминав. Искрено на отворено со клима пуштена константно, со брзина просечна негде ~120 км на час ми имаше потрошено негде околу 6.5-7 литра што за таа година на кола и мотор ме изненади позитивно од потрошњата. Можно е понатаму да ставам плин, но во блиска иднина најверојатно не. Поздрав!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #17 на: 09 Февруари 2020, 20:55:50 pm »
За воланот ќе го бараш Deno од форумов,употребува профи материјал и профи изработка,краен резултат ни од фабрика нема така излезено 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #18 на: 09 Февруари 2020, 21:03:33 pm »
@riki_staff Ти благодарам на препораката обавезно ќе го побарам, но сакав да прашам за ваков тип на изработка, бидејќи само на левиот дел од воланот кај тоа за свирката што е е оштетено. Ќе треба буквално цел волан да се прави или само на местото каде што е оштетено? Ти благодарам уште еднаш!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #19 на: 09 Февруари 2020, 21:14:30 pm »
Сега гледам,ќе си сменеш само аирбег,барај по овие шо раскодуват половни опели,би требало за околу 1000ден да најдеш.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #20 на: 09 Февруари 2020, 21:33:26 pm »
@riki_staff Во право си до сега никогаш не сум побарал капак за аирбег, следна прилика ќе видам кај што расклапаат. Фала ти на сугестијата!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #21 на: 09 Февруари 2020, 21:46:16 pm »
Не капак,туку цел аирбег,многу поедноставно е така,само нормално да го најдеш со здрави копчиња кај сирените,тоа е маана на сите астри Г,пребарај на гоогал "Opel Kardas" во Радишани е и има се и сешто за опелите.

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #22 на: 09 Февруари 2020, 21:50:31 pm »
@riki_staff Во ред следна прилика ќе се распрашам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #23 на: 09 Февруари 2020, 21:52:56 pm »
Еве каде постирав.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1495.msg1123868.html#msg1123868

Кога излезе дека чиче ќе го купува југото ми падна жал за музиката и му предложив да го извадам касетофонот (скроз дигитално Сони со басбуст), басиштата од полица, и да му намалам цена, као шо ќе ти е толкава ѓурулти кутија ;D
Тој, нееее, отсекогаш сањав за овакво диско во кола ;D
Си реков на чиче му врие уште крвта ;D
И подобро, така си купив цд плејер за другата кола ;D

Кој размислувал тогаш на фотосесии па уште со Југо ;D
Баш ќе побарам ако налетам на некое спонтано сликање со Југичот ;D

Во секој случај уживај и прави си мерак со Астрата :)


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #24 на: 09 Февруари 2020, 21:57:35 pm »
@riki_staff Во право си до сега никогаш не сум побарал капак за аирбег, следна прилика ќе видам кај што расклапаат. Фала ти на сугестијата!

Имаш и нови капаци за воздушното. Околу 15 евра се.

Половна централна конзола? Човечка? Има пун курац Астри за делови. Мислам дека повеќе од 20-тина евра нема да кошта.

Исто и за рачката од менувачот. Има нови, околу 10 евра.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #25 на: 09 Февруари 2020, 22:07:41 pm »
Откако ќе го смениш капакот за воздушното покривај го воланот со навлака.
Астрата што ја спомнав од 2008 исто настрада откако била паркирана на сонце.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #26 на: 09 Февруари 2020, 22:11:46 pm »
Капак тешко се менува и има големи шанси да го заебе аирбегот,затоа половен здрав аирбег ке си земе за 15-20 евра+централна конзола и се друго шо му треба кај Кардаш ќе заврши работа.

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #27 на: 09 Февруари 2020, 22:22:19 pm »
@Mikius Хаха интересна случка околу продажбата на чичко ти, ме изнасмеа! Инаку ја прочитав статијата околу југото во темата "Вашиот прв автомобил'' и позитивно сум изненаден околу целокупниот процес во тие 8 години и што све си сменил и подобрил. Инаку фала ти за сугестијата околу воланот бидејќи преку вечер колата ми е во гаража, али преку ден обично е надвор, нормално па може да видам некои заштитни навлаки.
@Diesel Сето ова што го напиша највероватно би можел да го најдам некаде кадешто раскплаат опели бидејќи конкретно за овој проблем околу воланот и ''дрвената'' пластика до сега не сум размислувал ништо да мењам, но за во иднина би било супер како upgrade на интериерот.
@riki_staff Во следна прилика обавезно ќе поминам кога ќе ме носи патот накај Радишани да прашам и да разгледам.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #28 на: 10 Февруари 2020, 01:42:50 am »
Добредојде колега!
Одлично зачуван примерок имаш!
Како што ти посочија останатите, капак на аирбег само подобро би било да најдеш половен здрав. Тие новите не лежат баш најдобро.

Одличен модел на бандаж имаш, само на менување гуми оди на димензија 205/45/17. Фабрички пропишана димензија а и далеку подобро изгледа визуелно. Со пониски спирали би било топ.
За зимски би те советвал да си земеш сет 15ки бандажи, дури и 14ки ги собира. Доста поефтино ке ти испаднеше наместо 17ки гуми.

И на крај, ставај плин да и се изнавозиш.

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #29 на: 10 Февруари 2020, 15:03:01 pm »
@Rakun4e Комплетно се согласувам со тебе во врска со зимските гуми, но више испадна ги купив 17-ките и наредниве години не планирам ништо околу менување за помали бандажи. За плин никогаш не сум размислувал, но за во иднина ќе имам во предвид. Поздрав