Автор Тема: Opel Astra G 1.6 16v  (Прочитано 8067 пати)

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Opel Astra G 1.6 16v
« на: 08 Февруари 2020, 19:14:53 pm »
 Здраво на сите.
Сакам да ви го претставам моето возило коешто го поседувам скоро 2 ипол години и како што стои во насловот станува збор за Опел Астра Г, чист бензин без плин.
Карактеристики:
Година на производство: 2002
Километража: Денот кога ја купив имаше нешто под 135.000, а моментално километражата е 165000.
Мотор:1.6 16v Вензин(без плин како што напоменав погоре), 5 брзини со 101 КС.
Од опрема поседува климатроник, електрика на стакла, вградено радио АЛПИНЕ со конекција за USB и AUX, кожен волан.

Сите работи околу автомобилот, сервиси, естетски подобрувања итн:
Сервиси:
-3х Редовни сервиси со Маннол 10-40 и Филтрон филтери за воздух, бензин, уље и кабина сменети исто така при секој редовен сервис.Сменети дискови и плочки на 140000км , нов акумулатор сменет пред 10.000 км и свеќици Bosch.
-Голем сервис направен на 158000 км сменети се сите каиши, затегачи и водна пумпа.
-Ставен нов компресор и нови црева во климатроникот, бидејки стариот имаше зарибано уште кога ја купив колата.И исто така полнење на фреон и промена на масло.(Период летото 2018, за километража стварно не се сеќавам ни приближно.)
-Ставен нов Хладњак и нов антифриз пред нешто околу пола година.(На пат од Охрид-Скопје, пред стража мало камче ми го имаше пукнато хладњакот и нејќев да се заебавам со лепење и некои short-term ствари бидејќи на крај пак ќе ги дадеш истите пари така да си ставив нов.
-Ставени нови лагери и буфери на предни амортизери и нови манжетни.

Естетски подобрувања:
-Ставени се 17-ки бандаши со 215/45/17 гуми. Оваа сезона купив нови зимски гуми BF Goodrich на истиот бандаш(17) од Олимпико.Летните гуми се купени на околу ~140000 км коишто не се во перфектна состојба, но при крајот на летото Јули-Авуст имам во план да ги сменам и да купам нови 4.
-Кога е купена колата имам направено комплетно хемиско чистење и двослојно полирање со заштита.
-ЛЕД осветлување на секое сијаличе во внатрешноста.
-ЛЕД осветлување Позиција, Средно, Рикверц и Регистрација
-Полирање на фарови со заштита.
-Ставено JBL озвучување и АЛПИНЕ радио купени од Новус и монтирани од страна на Новус.

Недостатоци и планови за во идина.
-Колата има по неколку гребаници на вратите и на браниците од паркинзите по Скопје
-Амортизери задни, последниот сервис ми кажаа дека малце покажуваат дека више се за менување.
-Можеби уште едно хемиско во пред летото.
-Нови летни гуми како што напоменав погоре бидејќи летните се при крај.
-Полирање на бандашите дека имаат некои грепки.

И на крај еве некој рандом слики што ги имам направено овие 2 ипол години од поседување на возилото.









 

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #1 на: 08 Февруари 2020, 19:26:32 pm »
Убаво астриче, убаво си ја одржуваш. Само бандажот ми изгледа некако голем барем на слики. Долго да те служи.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #2 на: 08 Февруари 2020, 19:34:51 pm »
Добра астра имаш,бандажот дефенитивно е голем,јас би одел со 16,имав јас 2 астри вакви супер коли се за таа генерација на коли.

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #3 на: 08 Февруари 2020, 21:56:13 pm »
@ZilePunto @riki_staff Ви благодарам на комплиментите. Нормално секогаш све на време менувам и се грижам најпрво за безбедност а и исто така битно да си ја врши работата. Инаку за бандажите знам дека доколку би имал 16-ки би заштедил доста на економија(можеби би трошела литро помалку, а и на гуми дека зимскиве доста скапички беа). Исто така на дупки и возење во споредба со 16-ки или 15-ки што имаат помека вожња сепак мислам дека 17-ки за нијанса вожњата е малку потврда но сепак разликата е минимална според мене.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #4 на: 08 Февруари 2020, 23:13:02 pm »
Еве мераклија. Добредојде!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #5 на: 09 Февруари 2020, 11:31:48 am »
Добредојде, одлична Астричка!

Бандажите се таман, јас не би ги чепкал, само може да инвестираш во нискоќа малку, едно 20-30 мм надоле да иде колата, одма потаман ќе си дојдат тркалата.

Инаку, стварно ретко здрав примерок, се гледа дека е мераклиски чувана. Една забелешка само - ти фали карклуб стикерче на задното стакло. ;D

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #6 на: 09 Февруари 2020, 12:56:11 pm »
@зоки-златен Добре најдов! @zeroSignal Добро најдов ти благодарам премногу на комплиментот! Комплетно си во право за спуштањето, но некако малку сум скептик ради дупкиве и тротоариве хаха  ;D.
Инаку каде можам да набавам карклуб стикерче?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #7 на: 09 Февруари 2020, 13:26:55 pm »
На сликата со снегот таман изгледаат бандажите, најверојатно зависи од кој агол е сликано.
Супер изгледа колата како за 18 годишњак.

Има различни возачи, некои влегуваат во кола и ич не ги интересира одржување.
Познавам една таква астра од 2008ма, денес е тешка канта.

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #8 на: 09 Февруари 2020, 17:12:18 pm »
@Mikius Одржувањето на колата и воедно безбедноста е најбитната работа другото е плус. Само не ми е јасен кометарот што го посочи дека за 18 годишњак супер изгледа?? Сакаш да кажеш дека претходниот газда што беше доста постар(40+) или не е битно следниот газда доколку во иднина би ја продал исто така на постар човек, не би му личела? Одржувањето на колата и естетиката како што посочи ти нема врска со годините. Според тебе значи секоја средена кола естетски(бандажи,полирање,тунинг браници итн.) е за 18 годишњак? Имам другар што е член на EPC(Extreme Power City) доколку си слушнал за нив тоа значи дека нивните коли што се естетски средени се за 18 годишнаци? Мислам искрено дека коментарот не ти беше на место, но доколку грешам слободно поправи ме.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #9 на: 09 Февруари 2020, 17:18:41 pm »
Сака да ти каже за колата како за 18 годишна добро се држе,ти на 18 ли си? 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #10 на: 09 Февруари 2020, 17:25:43 pm »
@riki_staff Доколку на тоа се мисли јас се извинувам. Иначе не, не сум на 18  ;D

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #11 на: 09 Февруари 2020, 17:44:36 pm »
@Mikius Јас ти се извинувам за коментарот погоре, ни на крај памет не ми дојде дека мислиш за годините на колата.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #12 на: 09 Февруари 2020, 17:45:23 pm »
Убо Астриче, се гледа дека е чувано :) не ти смета дрвенаријата и воланот?

П.С Ќешки да бевме на 18 :D :D :D
New blood of old school

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #13 на: 09 Февруари 2020, 17:48:52 pm »
Колата е 18 години, на тоа мислеше, пошто понатаму има спомнато 2008-ма произведена, истата кола - канта, демек помалку години, а понеодржувана.

Убава.

Фејк кафеното "дрво" би го тргнал комплет.

Бандажите за мој вкус се преголеми, ама ОК. 16-ки се - по мое, најразумен избор за сВе. Комфор, изглед, економија..

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #14 на: 09 Февруари 2020, 18:11:35 pm »
@Mikius Јас ти се извинувам за коментарот погоре, ни на крај памет не ми дојде дека мислиш за годините на колата.
И јас се извинувам, навистина е двосмислено напишано :)
Всушност, имав нешто поинаку напишано и менувајки го текстот останало неизменето годишњак.

И јас на млади години го имав "скоцкано" моето Југо. (Скоро пишав во тема моето прво возило)
Тоа не беше пречка да го купи еден чича на 40/50 години, мислам дека се подмлади од воодушевување ;D
« Последно менување: 09 Февруари 2020, 18:17:41 pm Mikius »