Токму така како што кажа Велештрумф. Пазарот на различни типови на осигурувања (особено за возила) е атрактивен и поделен на многу нивоа, компании, продавачи, препродавачи, агенти итн.
Многу од овие слободните агенти купуваат полиси па ги препродаваат по пониски цени со играње на годишна километража, каде ја чуваш колата, и многу други параметри кои влијаат врз крајната сума (премија) што ја плаќаш.
Ако, недај Боже, дојде до некој проблем/сообраќајка/штоидае кадешто треба да се активира осигурување. Тогаш, прво мораш само по телефон да се оправиш со некој кој е платен/изнајмен за неколку осигурителни полиси агенции, друго самата осигурителна компанија ќе погледне во тие малите параметри и ќе се обиде да не исплати ништо. Особено странец, слабо со германскиот.... Со други начини ќе пробаат да ти го начукаат (нешто слично како и во Македонија само многу пософистицирано)...
Тоа ми е целиот муабет. Не си прв што ме прашува за совет за осигурување, и на сите истото им го кажувам. Нит те плашам или ти кажувам како да правиш, туку како отприлика се движат работите со осигурувањето.
Поради тоа што си во Франкфурт, земи си бензин ако во случај дојде до забрани (иако најверојатно нема). Ама не земај Киа/Хјундаи со 1.4/1.6 атмо ако сакаш да патуваш на долги релации со неа (до Македонија). На 120км/ч е околу 3500вртежи. Ќе ти ја направи главата тапан до Регензбург. А до Македонија имаш уште 1400км од таму.