Автор Тема: Купување половно возило во Германија  (Прочитано 19339 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #15 на: 19 Јануари 2020, 20:12:03 pm »
И колку од прилика кошта годишно осигурување и регистрација за еден просечен седан/хеч(2-3000€) со некои си 100-120 коња во Германија ?
мислам дека цената на возилото не игра улога, туку моделот, годината, моќноста, исто како и кај нас. Има на веб калкулатори, на пример https://www.check24.de/kfz-versicherung/ и ќе ти даде цена колку ќе те кошта. Пример јас што гледав за Мерцедес А класа, бензинец, 2005та година, околу 800+ евра искачаше како за мене, со нова возачка дозвола.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Купување половно возило во Германија
« Одговори #16 на: 19 Јануари 2020, 20:14:41 pm »
Игра улога и каде си вработен, дали си инженер, каде живееш, дали си сопственик на недвижнини, дали е ново возило или не, колку возачи ќе бидат наведени, каде ќе биде паркирано возилото, отприлика која километража би се поминувала годишно, дали ќе се користи за приватни или службени патувања итн итн.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #17 на: 19 Јануари 2020, 20:44:04 pm »
И колку од прилика кошта годишно осигурување и регистрација за еден просечен седан/хеч(2-3000€) со некои си 100-120 коња во Германија ?
мислам дека цената на возилото не игра улога, туку моделот, годината, моќноста, исто како и кај нас. Има на веб калкулатори, на пример https://www.check24.de/kfz-versicherung/ и ќе ти даде цена колку ќе те кошта. Пример јас што гледав за Мерцедес А класа, бензинец, 2005та година, околу 800+ евра искачаше како за мене, со нова возачка дозвола.
Ете така кажи си. Немој муабети да се вадат дека е поефтино кога е 10 пати поскапо... Кое црно поефтино.

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7216
  • French diamond
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #18 на: 19 Јануари 2020, 21:18:10 pm »
Епа поред калкулаторот од погоре мене би ме коштало од 800-1000€ според  моите параметри за возило во Германија , а тука би било 250€...значи со една минимална Германска плата (1400€-300 данок =1100€) ќе можам да го регистрирам тоа возило таму, а тука со една минимална (14000ден) не би можел да го регистрирам. Башка тоа што тоа истото возило кај нас да го купам е 2000€ поскапо, не ја бранете Мкд за џабе, факт е дека тука плаќаме најскапо за се, а земаме најмалку од сите.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #19 на: 19 Јануари 2020, 21:21:15 pm »
@ficomk
Што и да земеш нема многу да промашиш за тие пари оди во некој плац каде што се продаваат коли и барај нешто со гаранција. Они не даваат гаранција на возила што ќе се расипат брзо. Најбитно е да има нов tüv, тоа му доаѓа како гаранција дека кочниците амортизерите и целото подвозје се во ред.

Кога ќе најдеш ауто ако ти треба осигурување пиши ми има еден Македонец од Охрид што работи за HUK осигурување и може да ти помогне да добиеш поефтино осигурување за почеток. И да ако си имал возило на твое име во мк ќе ти биде од корист.
Тоа и ми е во план, веројатно најдобро е од плац каде што даваат гаранција, но обично возилата се поскапи.Со нов tuv како би знаел дека во ред е колата. Му пишав веќе на Саша од ХУК-Кобург, ќе извадам документи од осигурителните од МК и за мене и за сопругата, двајцата ќе возиме секако, добар попуст може да се направи.
Во врска со изборот,сакам да земам кола која ќе има највеќе простор за патници, секако и багажник соодветно. Мислам дека i30 и Ceed солидни се по однос на тоа, незнам како е фокусот и останатите. Ќе пробам на лице место најдобро.
Изгледа не си носел кола на технички овде во Германија да видиш каков детален преглед прават. Tüv ти е една врста гаранција за подвозјето и кочниците дека функционираат и ќе функционираат добро во наредните година две. Делот со моторот е мачка во вреќа ама кога би добил 1 година гаранција на моторот значи дека во првата година нема да имаш нервози и проблеми. А ако држи една година со редовно и добро одржување ќе држи и повеќе кој сака мотор нека е.

Иначе Саше живее 1км од мене, ако си во близина негде пиши ќе дегустираме некое пиво.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #20 на: 19 Јануари 2020, 21:33:56 pm »
@Nakolce  не сум носел кола тука на технички, пред 7 месеци се преселив. Во Франкфурт сум иначе, мислам дека далеку си од кај мене. Али ако те носи пат навака, пиши :)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #21 на: 19 Јануари 2020, 21:35:05 pm »
https://www.autohus.de/
Nema laga,nema prevara 😉

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #22 на: 19 Јануари 2020, 22:13:28 pm »
https://www.autohus.de/
Nema laga,nema prevara
Шо убо БМВ 2ка Актив Турер си најдов за 13.000 еур, со 28.000км... Нема ни многу ЦО2, колку шише Пелистерка.

Симо ми ја стаи чивијата у глава...
« Последно менување: 19 Јануари 2020, 22:40:10 pm AUUU »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #23 на: 19 Јануари 2020, 22:24:38 pm »
Епа поред калкулаторот од погоре мене би ме коштало од 800-1000€ според  моите параметри за возило во Германија , а тука би било 250€...значи со една минимална Германска плата (1400€-300 данок =1100€) ќе можам да го регистрирам тоа возило таму, а тука со една минимална (14000ден) не би можел да го регистрирам. Башка тоа што тоа истото возило кај нас да го купам е 2000€ поскапо, не ја бранете Мкд за џабе, факт е дека тука плаќаме најскапо за се, а земаме најмалку од сите.
Веројатно сакаш да кажеш дека плаќаме 3-4 пати поефтино од таму, но земаме 4-5 пати помалку минимална плата. Тоа е така, вистина.

Е сега тоа што кај нас кај е скоро најефтино во ЕУ, па и попустот на полиса ни оди до 50%. Така да и тие 250евра ќе бидат 150евра. За мечка и тоа зборуваме.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #24 на: 20 Јануари 2020, 10:12:19 am »
Паа.. ако десет-петнаесет години ако немаш направено несреќа по твоја вина и во Германија плаќаш околу 20-25% од сумата определена од осигурителните агенции за таа класа на возила.
Со други зборови под 200евра годишно. Ама долг е тој муабет...

пс. Јас би се пазел од осигурителни агенти што работат само со online полиса... Особено ако има некој проблем и мораш телефонски да средуваш работа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #25 на: 20 Јануари 2020, 12:05:02 pm »
Епа поред калкулаторот од погоре мене би ме коштало од 800-1000€ според  моите параметри за возило во Германија , а тука би било 250€...значи со една минимална Германска плата (1400€-300 данок =1100€) ќе можам да го регистрирам тоа возило таму, а тука со една минимална (14000ден) не би можел да го регистрирам. Башка тоа што тоа истото возило кај нас да го купам е 2000€ поскапо, не ја бранете Мкд за џабе, факт е дека тука плаќаме најскапо за се, а земаме најмалку од сите.

Али факт е дека и најмалце работиме ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #26 на: 20 Јануари 2020, 15:08:55 pm »
Џулиета исто така ти е добра опција. Турбо бензин или Дизел.
Гледај после 2013 за да ги има поминато сите дечки болести.
не би Алфа Ромео тука во Германија, премногу ретко се наоѓаат, веројатно кога ќе треба сервис да се бара ќе биде покомплицирано.
Плус, надвор од буџет е и може да нема доволно простор за мене (висина 2 метра) и детско седиште позади мене :)

Ако можиш да си најдиш соодветен мотор, Хонда Сивик ти е топ избор за тоа што го бараш.
Најголем багажник во класата. Одлично вози, одлични ривјуа има. Мислам дека и во буџет ти влегува.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #27 на: 20 Јануари 2020, 20:34:26 pm »
горе доле возилата што ги набројав во првиот пост, но и неколку што ги предложивте,и Civic-от меѓу нив, се со слична цена за исто годиште, нема преголеми разлики. Кај попремиум брендовите е друга приказна. Ми се допаѓа Хондата, иако имам на 5 минути повозено баш моделот од 2013-2014, многу ниска ми делува за седење, и е додуша, а со простор за патници мислам дека би била ок.
@Luki Junior  какви проблеми би можел да имам со онлајн полиса? Мислам дека имаат број за контакт, е сега ако само на германски зборат ќе биде захтевно разбирањето. Колешка зема полиса баш од Хук-Кобург преку Саше, добри попусти и дадоа. Колеги исто ги препорачуваат баш нив,ради цената и ради признавање на претходно немање штети во матичната земја од која доаѓаш. Ако не ти е проблем кога ќе си во можност, пиши подетално околу ова, секако добредојдено ми е секое мислење, искуство и совет.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Купување половно возило во Германија
« Одговори #28 на: 20 Јануари 2020, 23:26:17 pm »
Мислам дека муабетот е да склучиш договор за осигурување со постоечки ентитет (фирма со физичко присуство, адреса, даночен број итн итн) без оглед на тоа дали онлајн или офлајн.

Јас пред две недели направив полиса онлајн, ама со ХУК Кобург (осигурителна компанија), а не со Фриц Ферзихерунг (препродавач на полиси).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #29 на: 21 Јануари 2020, 08:52:17 am »
Токму така како што кажа Велештрумф. Пазарот на различни типови на осигурувања (особено за возила) е атрактивен и поделен на многу нивоа, компании, продавачи, препродавачи, агенти итн.
Многу од овие слободните агенти купуваат полиси па ги препродаваат по пониски цени со играње на годишна километража, каде ја чуваш колата, и многу други параметри кои влијаат врз крајната сума (премија) што ја плаќаш.

Ако, недај Боже, дојде до некој проблем/сообраќајка/штоидае кадешто треба да се активира осигурување. Тогаш, прво мораш само по телефон да се оправиш со некој кој е платен/изнајмен за неколку осигурителни полиси агенции, друго самата осигурителна компанија ќе погледне во тие малите параметри и ќе се обиде да не исплати ништо. Особено странец, слабо со германскиот.... Со други начини ќе пробаат да ти го начукаат (нешто слично како и во Македонија само многу пософистицирано)...

Тоа ми е целиот муабет. Не си прв што ме прашува за совет за осигурување, и на сите истото им го кажувам. Нит те плашам или ти кажувам како да правиш, туку како отприлика се движат работите со осигурувањето.

Поради тоа што си во Франкфурт, земи си бензин ако во случај дојде до забрани (иако најверојатно нема). Ама не земај Киа/Хјундаи со 1.4/1.6 атмо ако сакаш да патуваш на долги релации со неа (до Македонија). На 120км/ч е околу 3500вртежи. Ќе ти ја направи главата тапан до Регензбург. А до Македонија имаш уште 1400км од таму. 

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.