Автор Тема: Купување половно возило во Германија  (Прочитано 19335 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Купување половно возило во Германија
« на: 17 Јануари 2020, 20:05:25 pm »
Веќе неколку месеци сум во Германија, па почнав да размислувам за купам половно возило тука, најверојатно на кредит, со буџет околу 8000 еур.
Знам има неколку клабери кои повеќе години живеат тука, па сигурно нивните совети и искуство ќе бидат добредојдени, но и на останатите клабери.
Да дефинирам какво возило планирам да земам: средна класа, фамилијарно ауто (Astra, Golf, Ceed, i30, Rapid, Leon и сл), може и некое со повисоко седење, како и караванче, но не СУВ, за тоа немам буџет. Француски аута не би разгледувал воопшто, па ни италијански, туку тоа што се вози тука претежно.
Целта ми е да земам возило кое не е на листата на кварливи аута, да не ми идат парите по поправки. Тука може да влезат и јапански возила како доста квалитетни, ако се во буџетот.
Преферирам бензинец, поради веројатно помали трошоци за поправки, помал данок, но не исклучувам дизел како опција. Би поминувал околу 15К годишно, можеби и повеќе.
Секое мислење е добредојдено  :)

П.С. од кого е најдобро да се купи половно возило? Приватно лице, плацевиве со све и свашта или оние кои продаваат коли вратени од лизинг (претежно возила на фирми)?
« Последно менување: 17 Јануари 2020, 20:39:07 pm ficomk »


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #2 на: 19 Јануари 2020, 01:18:48 am »
Џулиета исто така ти е добра опција. Турбо бензин или Дизел.
Гледај после 2013 за да ги има поминато сите дечки болести.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #3 на: 19 Јануари 2020, 08:00:32 am »
Џулиета исто така ти е добра опција. Турбо бензин или Дизел.
Гледај после 2013 за да ги има поминато сите дечки болести.
не би Алфа Ромео тука во Германија, премногу ретко се наоѓаат, веројатно кога ќе треба сервис да се бара ќе биде покомплицирано.
Плус, надвор од буџет е и може да нема доволно простор за мене (висина 2 метра) и детско седиште позади мене :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #4 на: 19 Јануари 2020, 09:43:23 am »
Иста големина е како Фокус. Ист багажник имат.

Али да. Фокусот ти е бест бај, ако не ти смета како изгледа.
1.6 турбо.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #5 на: 19 Јануари 2020, 10:23:53 am »
На папир се иста големина.

Фокусот има многу попространа кабина.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #6 на: 19 Јануари 2020, 14:02:13 pm »
@ficomk
Што и да земеш нема многу да промашиш за тие пари оди во некој плац каде што се продаваат коли и барај нешто со гаранција. Они не даваат гаранција на возила што ќе се расипат брзо. Најбитно е да има нов tüv, тоа му доаѓа како гаранција дека кочниците амортизерите и целото подвозје се во ред.

Кога ќе најдеш ауто ако ти треба осигурување пиши ми има еден Македонец од Охрид што работи за HUK осигурување и може да ти помогне да добиеш поефтино осигурување за почеток. И да ако си имал возило на твое име во мк ќе ти биде од корист.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7216
  • French diamond
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #7 на: 19 Јануари 2020, 14:37:19 pm »
И колку од прилика кошта годишно осигурување и регистрација за еден просечен седан/хеч(2-3000€) со некои си 100-120 коња во Германија ?

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #8 на: 19 Јануари 2020, 14:47:48 pm »
И колку од прилика кошта годишно осигурување и регистрација за еден просечен седан/хеч(2-3000€) со некои си 100-120 коња во Германија ?
Не би можел да ти кажам точно затоа што многу работи се земаат во предвид за да се пресмета висината на осигурувањето. Па после тоа има основно осигурување, Teilkasko (полу каско) и каско осигурување. Комплицирано е овде доста за осигурувањето на возилата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #9 на: 19 Јануари 2020, 15:13:23 pm »
И колку од прилика кошта годишно осигурување и регистрација за еден просечен седан/хеч(2-3000€) со некои си 100-120 коња во Германија ?
Јас за Мерцедесот плакам 463е годишно данок и 68е месечно фул каско.
Колегата за Цлс 320цди(истиот мотор)плака исто данок ,а осигурање плака 105е месечно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7216
  • French diamond
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #10 на: 19 Јануари 2020, 15:19:59 pm »
Значи поефтино од тука..тука на пример со една месечна минимална плата (14000)  неможиш да регистрираш возило како ете на пример Мерцедесот твој да го земиме, а таму со една минимална (1100€ чисти) ќе го регистрираш и пола плата ќе ти остани   :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #11 на: 19 Јануари 2020, 15:27:57 pm »
Значи поефтино од тука..тука на пример со една месечна минимална плата (14000)  неможиш да регистрираш возило како ете на пример Мерцедесот твој да го земиме, а таму со една минимална (1100€ чисти) ќе го регистрираш и пола плата ќе ти остани   :)
Како тоа неможеш да го осигураш? 8000-10000 денари е автоодговорност грубо кај нас, а него со попусти му е цената. Како кај нас би дошло дали 6000 денари.

Тоа сигурно можеш да го платиш со 14000 денари плата. А прашањето зошто би поседувал Мерцедес ако имаш минимална плата ќе го оставиме за друг пат.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7216
  • French diamond
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #12 на: 19 Јануари 2020, 16:01:24 pm »
За регистрација комплет велам, сигурно ќе кошта 350-400€ и кај нас за таков Мерцедес.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #13 на: 19 Јануари 2020, 18:45:32 pm »
Мерцедес 280 цди. Минимална плата.
Go figure.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #14 на: 19 Јануари 2020, 20:08:35 pm »
@ficomk
Што и да земеш нема многу да промашиш за тие пари оди во некој плац каде што се продаваат коли и барај нешто со гаранција. Они не даваат гаранција на возила што ќе се расипат брзо. Најбитно е да има нов tüv, тоа му доаѓа како гаранција дека кочниците амортизерите и целото подвозје се во ред.

Кога ќе најдеш ауто ако ти треба осигурување пиши ми има еден Македонец од Охрид што работи за HUK осигурување и може да ти помогне да добиеш поефтино осигурување за почеток. И да ако си имал возило на твое име во мк ќе ти биде од корист.
Тоа и ми е во план, веројатно најдобро е од плац каде што даваат гаранција, но обично возилата се поскапи.Со нов tuv како би знаел дека во ред е колата. Му пишав веќе на Саша од ХУК-Кобург, ќе извадам документи од осигурителните од МК и за мене и за сопругата, двајцата ќе возиме секако, добар попуст може да се направи.
Во врска со изборот,сакам да земам кола која ќе има највеќе простор за патници, секако и багажник соодветно. Мислам дека i30 и Ceed солидни се по однос на тоа, незнам како е фокусот и останатите. Ќе пробам на лице место најдобро.