Секое тело кое е потопло од 0 келвини (-273 степени целзиусови) оддава топлина.
...
OK. Така е.
Е сега, кај грејниве тела овде во пракса и во областа на загревањето, разграничуваме конвекција или радијација зависно од тоа колкав процент од толината на кој начин ја оддаваат грејните тела. Така да еве пак повторувам:
- клима, коил, панелка, термо печка, радијатор сите тие 90% од топлината ја оддаваат преку конвекција (потпомогната од вентилатор или не). Нивна површинска температура е на пример 60 до 150 степени Ц.
- греалки со усвитени греачи на лија површина има 500 степени целзиусови што претставува јако зрачење во видлив и инфрацрвен спектар и би рекол дека топлината ја оддаваат 90% преку радијација на ЕМ зрачење во инфрацрвен спектар и само 10% преку конвекција.
Е ова сега е некоја вештачка поделба. Барав на нет и никаде не видов некои конвенции за тоа кога еден греен уред се класифицира како конвекциски или радијацијски.
Ама чиста логика вели дека радијаторот претежно грее со радијација.
Пробај стави ја раката
до (не над) радијатор, се чуствува ли топло?
Ѕидот позади радијаторот, топол е?
Значи радијаторот покрај воздухот ги грее околните предмети со радијација. Е сега колкав процент од топлината иде во околните предмети а колкав во воздухот, тоа не знам. Ама пошто радијаторот го нарекуваат радијатор, а не конвектор, ваљда поголемиот дел од загревањето иде со радијација?

Од друга страна конвекторите (панелките) ги наруваат - конвектори. Со причина се и двете имиња зададени?

Се разбира, сето ова е ситничарење. Ама сети се кој прв почна!!!
