Имам пишано и пак ќе пишам, топлината со фенкојлери или парно е попријатна (барем мене ми е) отколку што вели Луки топлата промаја на климите. Не инвертери, не мицубиши биле.
Многу се јаки овие муабети за „попријатни“ и „потопли“ топлини.
На страна што топлината секогаш е истата топлинска енергија која може само да ја има доволно, недоволно, или премноги... Туку знаеш ли која е разликата во работата на фенкојлер и на внатрешна единица од клима?
Нема разлика! Во основата се тотално ИСТИ, вентилатор дува воздух низ хитсинк (саќе) низ кој минува загреан флуид, со што се загрева воздухот. Со други зборови
конвекција.
Парното и печките се веќе
радијација и тука можеш да зборуваш за разлика во „чуството“
Таму каде има разлика е во цената. Системот топлотна пумпа воздух-вода-фенкојлер кошта и до десетоструко повеќе од солиден инвертор клима уред, или три такви. Клима уредите исто во основата се топлински пумпи.
Друга работа што гледам Дени ја споменува, што ако топлинската пумпа откажи?! На топлинските пумпи имало греачи кои се приклучуваат и ја затоплуваат водата додека да се поправи пумпата. Нормално тогаш се троши 3 пати повеќе струја, но нема да останиш без греење.
За парите ќе земеш 10 солидни инвертор клими, или 20 поевтини. Не да ќе бидеш осигуран од расипување на една од климите, туку што да ти кажувам...

едит:
Една работа која често се заборава е исплатливоста.
Системот топлотна пумпа воздух-вода-фенкојлер кошта толку пари да во просечна куќа или стан никогаш нема да се исплати преку заштедата. Проектирај му работен век од 10тина години, и пресметај колку штеди во однос на обично греење на струја. Поевтино ти е на панелки да се грееш.