... Ти ете си среден, ама други не се средени.
Јас тек треба да се средувам, затоа и прашувам како да се средам.
Некако централна единица со фенкојлери ми е најелегантно решение, а го разгледувам и Кано пошто некако изгледа прифатливо
Јас мислев дека имаше веќе парно и тоа со прифатлива цена по месец, па затоа така реков.
Централна единица е океј, само негативностите е што е поскапа работа, и те ограничува во случај на проблем или слично. Еве јас што би ти рекол, без разлика за што ќе се одлучиш. Дали котел, дали кано, дали пелети, дали дрвеќе или градско парно. (освен фенкојлери) И онака ќе ставиш клими за ладење? Така? Епа се што викам е тие неколку клими што ќе ги ставиш за ладење да се добри и за греење. И нека вртат макар и на најтивко цела зима. Толку. Нека го трпат теретот на ладното. Они нека го носат греењето на грб со нивниот COP3 (ѕверовите и 4-5). А ти упали си панелче кај што ти е ладно, запали дрвце ако треба понекогаш, запали пелетка во собите кај што ти треба потопло. Или ако изгасиле парно во 10, таман на ефтина нека продолжи од 10 до 6 сабајле климата рецимо.
Тоа ми е муабетот главен. Особено за народ што нема средства за поскапи системи. И онака ставаш клими некакви, само нека се користат правилно, и да се изберат соодветно.
Секако дека може и со централна, и со парапетни, и со све. Ама е поскапо, и негативност е што е и покомплицирано.
П.С. Башка муабет. Колку поголема единица тоа често се дешава да има и помала ефикасност. Ако веќе се оди во екстреми со централна единица, треба убаво да се седне и да се направи математиката. Иако сега во моментов ако немаш монтирано ништо се овие ствари:
https://klimi.mk/product.php?id=145 Исто како клима, само парапетна. Примарно и е да грее што е и потребно кај нас. Ниско ја тера топлината и дава подобра топлина на долниот дел од собата. Исто како радијатор што ставаш може да ја ставиш. Само да е слободно пред неа за да може да дува нанапред топло. Баш ѕирни.
