Да бидеме искрени, уште помодерно е по леб да се оди со кола, само поради тоа што се има кола.
И тоа е вистина, ама тоа е сосема друг муабет. Во контекст на загадувањето на Скопје, колите не се ни од далеку толку „влијателни“ колку што некои ги прават. Еве, да се воведе пар-непар, да се намали возење, и така натака - ќе се намали загадувањето не повеќе од 5%. Само ќе се измалтретира народ, а нема да има никаков (забележителен) ефект.
Веќе на неколку места го спомнувам истражувањето на British Medical Journal, а сега прогуглав уште малку и лесно дојдов до уште некои податоци.
Според
ова истражување, 7.5% од домовите во Обединетото Кралство користат дрво за греење (односно екстремно ниски 3.9% во Лондон).
Од друга страна, според
ова истражување објавено во British Medical Journal, domestic wood burning во Обединетото Кралство емитира 2.4 пати
повеќе PM2.5 загадување од сиот сообраќај таму.
Дали ние сме мрзливи или не, и дали палиме кола за по леб или не, сето тоа можеме да го дискутираме на долго и на широко (и тука многу различни фактори се во игра, почнувајќи од локација на дом и најблиска продавница или што и да е друго, достапно време, достапна инфраструктура, комфор, итн, итн). Ама во реалноста, треба да се работи многу повеќе на други работи. Колите не се проблем. Односно не се скоро никаков проблем. А и тој проблем што се, и тој проблем е многу лесно решлив со строги технички прегледи и во рок од една година ќе се тргнат од патишта сите коли што загадуваат повеќе од дозволено.
па ако треба да идеш пешки 1 км на ова загадување,сосем е нормално дека ќе запалиш кола да отидеш.јас така би праел да морам.
Сосем валидно.