Најдобро да се забранат коли на 1 недела во Скопје и другите загадени градови чисто колку да се докаже дека не е од нив.
Добра идеја. Ама никогаш нема да ја остварат пошто после нема да имаат дежурен виновник.
Тргнуваш од идејата дека тие сакаат да го решат проблемот. Тоа не е точно, тие само сакаат да ја држат ситуацијата под контрола, масата да не се таласа многу а карванот да си врви.
Јасно е дека за да се среди загадувањето треба да се забрани греење на дрва и ѓубре. Но за тоа треба прво да се направи гасификација. И тука е проблемот пошто вака без гасификација тие истите прават повеќе пари (на многу различни основи).
Затоа ова со загадувањето ќе остане исто и во иднина (и ќе се влошува), и сеедно која партија да дојде на власт - се додека народот е неписмен и не разбира (и генерално е глуп па не го ни интересира) колку е важно што побрзо да се случи гасификација за сите нас обичните луѓе.
Дотогаш разни покондурени коцевци ќе ни мачкаат
очи улици за да го „намалат“ загадувањето.
Туку молете се на господа загадувањето да стане се поголемо до изборите, па можеби глупавата раја некако да разбере дека забрзана гасификација (со поставни кратки рокови) треба да биде една од првите точки во било чија предизборна програма.