Бројката на коли во Скопје е енормно зголемена, и тука нема муабет. Се гледа по фактот дека е многу повеќе гужва од порано, дека нема паркинг, и така натака. Реално, мора да проработат технички прегледи како што треба, за огромен процент од тие коли да бидат исклучени од сообраќај (што ради техничка неисправност, што ради загадување).
Мора да се стават во употреба сите подземни гаражи (а тоа значи инспекции да хараат низ градов и да казнуваат реадаптација на гаражи).
Е сега.. Тоа што колите се највидливиот проблем, тоа ги прави и најлесна мета на еко-душебрижниците.