da ne ve gusam jas, eve vi nesto od USJE
60 години УСЈЕ: Придонес во развојот на економијата и општеството242 VIEWSДЕКЕМВРИ 4, 2015 УБАВА ПРИКАЗНА РЕДАКЦИЈА ЕМАГАЗИН 0
Со врвен квалитетен производ, најнова технологија, посветена работа и развој на проекти од интерес на животната средина и заедницата, Цементарница УСЈЕ АД Скопје одбележува 60 години од своето делување на македонскиот пазар.
Шестдецениското работење на УСЈЕ е проследено со процес на континуирани инвестиции и модернизација, преку кој компанијата успева да одговори на потребите на македонската економија и општеството.
Само во последната деценија компанијата вложи 80 милиони евра во воведување нови технологии и модернизација, со што значително се подобри квалитетот на производите и се подигнаа стандардите за безбедност и здравје при работа.
Од овие средства скоро 36 милиони евра се инвестирани во проекти поврзани со заштита на животната средина, односно поголема компатибилност на работењето на компанијата со потребите на заедницата. За своите заложби за придонес кон животната средина, УСЈЕ годинава ја доби највисоката национална награда за општествена одговорност за проектот „Намалување на емисиите во воз
- See more at:
emagazin.mk/vesti