Абе изгледа полека но сигурно изворите на обновлива енергија почнаа добро да играат на берза на електрична енергија. Муабетот е што мораш да им дадеш голем грејс период (повластена цена) на производителите кои инвестираат во мали хидроцентрали или ветерници.
Според тоа што ми го кажува близок пријател за вакви постројки експлотациониот циклус често е над 50 години а инвеститорите би очекувале да дојдат на нула во период од 10 години за да тргнат да прават нешто. Остатокот од експлотациониот период е чиста заработка и тогаш стануваат релевантен играч на пазарот на енергија.
Интересен пример во регионот е Романија
https://en.wikipedia.org/wiki/Wind_power_in_Romania со некои 3GWh инсталиран капацитет. Башка цената на берзата зависи од временската прогноза
