mi kaza koleska sto zivee kaj posledna 15-ka, na mislenje e da go prodava/menuva stanot, vo kukite od pozadi isklucivo se gorat stari gumi....crn cad od odzacite i mirisa na plastika mnogu duri vo grlo pecelo, prozori posle 16 ne otvaraat...
нуме.. знаеш кај сум со локација така? знаеш каде е и боро... те канам вечер, да поминеш у сервис на кфе-пиво или самтинг елс... дојди околу 20-21ч... ако успееш да поседиш пола саат, те частам и вечера... неподносливо е...
Едно прашање: Каде, како, и во што ги горат гумите? Цел живот се грејам на дрва, па никогаш немам горено гуми за греење, па ми е малце нејасно како иде процедурата.
јас имам местено парно на дрва во лисиче, во тие куќи, поише пати т.е. поише куќи... НИЕДЕН од нив парната не ги греат на дрва.. однсоно имаат некој кубик за резерва, ама начелно во котлите се пикаат гуми, пластики, шишиња... има еден со огромен сервис, од 150+ квадрати, доле му е сервисот, горе му е делот за живеење... во долниот дел, во сервисот му е котелот... човекот го преадаптира котелот со метален леѓен и се грее на прегорено уље.. кога ке му снема, бута што стигне.. тој котел го купи половен и уште нема котелот видено дрво во него... кога ке ми се јават и ке ме прашаат за инсталација и поставување на греење и ке речат дека имаат половен котел, јасно ми е што ке прави..
на сите им кажам уште во местење дека ако некој ден се отвори некаква тел. линија или здружение некое кое ке прима повици за пријави од тој тип, дека ке ги пријавам... несовесно е тоа до крјна точка...
а дека и дизелите загадуваат, да загадуваат... во таков густ смог, можам комотно да ги гледам издувните гасови од тракторов мој... даваш гас и димот си седи тука, не се качува нагоре...
базичниот проблем е што нема циркулација на воздух. не дува ни малку ветер.. лист не се мрда... урбанизирањето на овој дел од градот си го зима својот данок, поготово што е неплански направено се...