Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 595211 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1560 на: 26 Октомври 2015, 11:09:23 am »
- Natural gas boiler (per 4 hours burning): 0.2 g

Затоа во Прага зимно време воздухот е како кај нас во Маврово, а и ретко дизел да видиш на улица, автобусите им се на метан/плин. Се е метро, трамвај и малолитражни бензинци.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1561 на: 26 Октомври 2015, 11:15:42 am »
Зa плин плaче, мoре стенкa држaвчевo. И тoa еднo 30гoдини. Акo не и пoвеќе.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1562 на: 26 Октомври 2015, 11:17:05 am »
- Car, model 2009 (per 30 km): 0.15 g


VW вика „множи пута 15“ за овој податок :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1563 на: 26 Октомври 2015, 11:18:23 am »
Една кола on average работи 30 минути дневно а од друга страна печката дома гори дрва 10 саати дневно а притоа нема никаков филтер. Толку е голема разликата што загадувањето од колите може да се занемари.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1564 на: 26 Октомври 2015, 11:36:22 am »
- Car, model 2009 (per 30 km): 0.15 g

VW вика „множи пута 15“ за овој податок :D

Ај другиве производители се подобри, па се компензира работата....  :P
(и пак стотици VW не можат да се мерат со само една печка на дрва, а тек па со иверици ако се ложи)



Зa плин плaче, мoре стенкa држaвчевo. И тoa еднo 30гoдини. Акo не и пoвеќе.

Заебаа работа ’муриканците, прават проблеми за гасовдите јужен/турски ток. Гасот би не извадил од страњава, тогаш можат главучиве и да забранат греење со дрва/отпадоци - тогаш би имало евтина алтернатива. Вака сега ако забранат, ќе се десат бунтови. Предизборен период е, нема шанси.

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1565 на: 26 Октомври 2015, 11:37:36 am »
Арно можеа бе пак муриканците да заебат работа... Како не им е срам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1566 на: 26 Октомври 2015, 11:41:24 am »
Нас треба да ни е срам, што сме неинформирани и немаме надпартиски граѓански ставови за некои работи - кои тогаш политичките опции би морале да ги почитуваат и спроведуваат.
Туку ќути, може ’муриканците ќе се „смилуваат“ па преку танкери ќе ни носат (скап) LNG на солунското пристаниште.  :P
(да имаат и Грците со уште нешто повеќе да не уценуваат).

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1567 на: 26 Октомври 2015, 11:46:57 am »
- Natural gas boiler (per 4 hours burning): 0.2 g

Затоа во Прага зимно време воздухот е како кај нас во Маврово, а и ретко дизел да видиш на улица, автобусите им се на метан/плин. Се е метро, трамвај и малолитражни бензинци.
Шо си запнал со Прага и дизел возила?
Еве во Рига зимно време воздухот не е како на Маврово туку како на Солунска глава. Па 50% од возилата се дизели, автобусите се исто така. Има трамвај и тролејбус. И моево мислење неможе да е релевантно за воздухот во Скопје, како дизел возилата се најголемиот проблем во нашиот ни главен град. А реално, тие имаат толку мала улога, незначајна. Самата местоположба на градот е прилично лоша и греење на дрва се резултат на лошиот квалитет на воздухот во Скопје.  

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1568 на: 26 Октомври 2015, 11:55:54 am »
- Natural gas boiler (per 4 hours burning): 0.2 g

Затоа во Прага зимно време воздухот е како кај нас во Маврово, а и ретко дизел да видиш на улица, автобусите им се на метан/плин. Се е метро, трамвај и малолитражни бензинци.
Шо си запнал со Прага и дизел возила?
Еве во Рига зимно време воздухот не е како на Маврово туку како на Солунска глава. Па 50% од возилата се дизели, автобусите се исто така. Има трамвај и тролејбус. И моево мислење неможе да е релевантно за воздухот во Скопје, како дизел возилата се најголемиот проблем во нашиот ни главен град. А реално, тие имаат толку мала улога, незначајна. Самата местоположба на градот е прилично лоша и греење на дрва се резултат на лошиот квалитет на воздухот во Скопје.  
Ова лани и со статии го поткрепував, со истражувања...

Еве ја дискусијата ако те интересира тебе или било кој: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2397.msg748828.html#msg748828


A fireplace pollutes the air as much as 1,000 cars
http://www.grreporter.info/en/fireplace_pollutes_air_much_1000_cars/8814

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Цитат
The main reason for the increased concentration was the wood burning during the night hours. According to researchers, 90% of the pollution was due to it.
Горење биомаса наспрема загадувањето од 50 години стара електрана на јаглен, 3 пати поголема емисија на честички
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

6 пати повеќе емисија на честички од 50 години старата електрана на јаглен во
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Споредба на модерна електрана на биомаса, наспрема работа на гас, 67 пати повеќе опасни материјали во воздухот.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

http://www.maforests.org/Chris_Matera_Biomass_Reality_Check.pdf


Сето тоа ѓубре, на сметка на касапење на шумите.

A ако зборуваме за домаќинствата:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
http://www.bnl.gov/isd/documents/71376.pdf

Пелетите се најефикасно согорување на биомаса (дрво) денес и се почисти за 3-4 пати од печките на дрва. Но и покрај тоа тие имаат 1800 пати поголема емисија на честички од домаќинско греење на гас. Или 15 пати поголема емисија на честички отколку греење на нафта.

Не е работата да се заклучи колку многу загадува горењето на дрва. Туку поентата е да се сфати магнитудата на загадувањето од горење дрва. Магнитудата е во експоненцијален степен. Кога нешто е 2-3 пати полошо се вели дека е полошо, кога нешто е 10-20 пати полошо е многу лошо. Кога нешто е илјадници ПАТИ полошо од нешто друго, тоа е елементарна катастрофа.

Дискусијата на тема „коли“, е многу смешна кога се работи за магнитуда од илјадници пати.

10.000 домаќинства кои се греат на дрва (4 часа дневно да гори дрво), имаат еквивалентно загадување на грубо 5 милиони просечни возила кои поминуваат 30км во денот.

10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку држава со 18 милиони домаќинства (Шпанија, Турција) да се грее целата на гас. Тоа е магнитудата на загадувањето за кое зборуваме тука. Степен од илјадници пати.

10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат 20 пати повеќе отколку да се греат на струја од електрани на јаглен кои се поставени веднаш до нивните куќи. Загадуваат стотици пати повеќе отколку да се греат на струја од гасна електрана поставена до нивните куќи.

10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку 10 индустриски капацитети кои горат јаглен, колку 100 индустриски капацитети кои горат гас. Магнитудата на загадување од илјадници и илјадници пати си го прави своето. Степенот на загадување не е ни приближен, ниту споредлив.


Не само што е незначителен тој загадувач, туку и обезбедува работни места, обезбедува фамилии со плата, и не сече шуми.

Да ги решиме еднаш засекогаш со електрично или гасно греење. И да ги намалиме трошоците за респираторни заболувања трајно. А и да не се срамиме пред светската здравствена организација.

Сечата ако се прекине, воздухот дополнително ќе се подобри и во поглед на честички и во поглед на концентрација накислород. На три фронта напаѓа грееењто на дрва. Ем намалува апсорпција на CO2 (западен фронт), ем испушта огромни количини на CO2 во атмосферата (јужен), и источниот фронт од WW2 кој е како и секогаш 90 пати поголем од сите други фронтови заедно - неколку тони честички во атмосферата секој ден.


Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1569 на: 26 Октомври 2015, 12:02:39 pm »
Цитат
Ова лани и со статии го поткрепував, со истражувања...

Еве ја дискусијата ако те интересира тебе или било кој: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2397.msg748828.html#msg748828
А го заборавив и најважниот дел. Цела Латвија ти е на гас, т.е. сите населени места/градови. Верувам истото или слично е со Чешка на пример. Освен ако не живееш во некое село па тогаш се грееш на дрва, ама па тоа не загадува толку многу народ кога си изолиран и нема никој наоколу.

Решението е многу просто, потребна е гасификација колку што е можно повеќе. Ама за жал не гледам тоа да се случи во блиска иднина.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8959
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1570 на: 26 Октомври 2015, 12:05:04 pm »
загадувањето ке го снема постепено како народ се иселува од Скопје и Македонија.

Гас нема да има во догледно време, задолжително парно за сите по нормална цена и коректна услуга нема да има во догледно време


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1571 на: 26 Октомври 2015, 12:06:07 pm »
Tие Литванците се предавници на европските „демократски“ определби... штом користат толку гас од лошата Русија.  :P

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1572 на: 26 Октомври 2015, 12:47:53 pm »
Шо си запнал со Прага и дизел возила?

Тоа искуство ми е најскорешно затоа. Не зборам на памет.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1573 на: 26 Октомври 2015, 12:51:50 pm »
Збориш на памет, пошто со ништо не го поткрепи твоето видување на работите.
Еве во чешка како оди продажба на дизел вс бензин и останати горива: http://raportroczny.orlen.pl/report_en_wholesale_segment_the_czech_republic_2011

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1574 на: 26 Октомври 2015, 13:02:49 pm »
Не зборам на памет и со ништо не морам да го поткрепувам моето видување, од проста причина што тука не правиме некој апла формален муабет. Тамам работа да мораше секоја реченица да ја поткрепувам со некакви онлајн податоци за кои немам поима дали се точни или не. Тоа е баш тоа, мое видување на работите.

Небитно е како оди продажбата на горива во Чешка. Тука зборуваме за Прага како централно урбано подрачје, без да навлегуваме во меѓуградскиот и меѓудржавниот транспорт каде превозот сигурно не се одвива со трамвај, метро, ТСИ или автобуси на плин.