Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 595212 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1545 на: 26 Октомври 2015, 01:35:18 am »
Во право си. Директно да се изгласа закон.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1546 на: 26 Октомври 2015, 07:35:38 am »
абе срамота е во главен град во 2015 еден голем дел од населението да се грее на дрва,срамота е.башка што е опасност по животите на сите останати.место да земат да инвестираат да има парно за сите,они праат 3 фонтани кај скопјанка за 600К евра

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1547 на: 26 Октомври 2015, 07:47:04 am »
Подобро нека забранат дизел возила да се возат. Греење е основна потребштина ..

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1548 на: 26 Октомври 2015, 07:49:02 am »
не се сложувам дека дизел возилата се загадувачи од толкав ранг да влијаат на квалитетот на воздухот

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1549 на: 26 Октомври 2015, 07:50:04 am »
 90% од увезените се дизели и сите се со еуро 0 норми, јес да чудна работа синоќа бев до Маџари на гости, не се дишеше чоече а цела населба се на парно ..

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1550 на: 26 Октомври 2015, 07:51:18 am »
може се најголеми загадувачи у средина кај што нема ниедно друго загадување,али кај нас сигурно не се,на последно место се по загадување

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1551 на: 26 Октомври 2015, 08:19:24 am »
Онака да го видиме ефектот од греењето на дрва


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8959
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1552 на: 26 Октомври 2015, 08:29:43 am »
90% од увезените се дизели и сите се со еуро 0 норми, јес да чудна работа синоќа бев до Маџари на гости, не се дишеше чоече а цела населба се на парно ..

Маџари ако е цело на парно, скопје лежи на нафта.
кое црно парно сите дрва горат, им беше скапо за куќите и се испоисклучија.

Како почна сега секој ден без ветер ке биде ужас воздухот

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1553 на: 26 Октомври 2015, 08:35:06 am »
маџари, беше на железарското... одкако им опнаа калориметри, почнаа луѓето, наместо сметки за греење на куќички од по 1500 денари, да добиваат по 100+ евра месечно... знам за конкретен пример кој имаше сметка од 1700 денари и наеднаш, после калориметарот, доби сметка од 25.000.. па следната му беше 19.000... експресно се исклучи од централното греење...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8959
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1554 на: 26 Октомври 2015, 09:01:35 am »
истиот случај, другар мој истото го направи.

едноставно пресмета дека не му е исплатливо и се исклучи

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1555 на: 26 Октомври 2015, 09:28:24 am »
На дрва колку е заштедата од парно или струја?

А од клима?

Во однос на ракот што се добива прашувам.

Знам дека греење на крадени дрва од шуми е најефтино, ама не за такви туку обични дрва на кубик купени прашувам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1556 на: 26 Октомври 2015, 10:24:19 am »
Инвертори за чиста околина и прифатливи сметки !

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1557 на: 26 Октомври 2015, 10:27:29 am »
не се сложувам дека дизел возилата се загадувачи од толкав ранг да влијаат на квалитетот на воздухот

Тоа што не се сложуваш не го менува фактот дека дизел возилата се многу голем фактор во загадувањето на воздухот.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8959
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1558 на: 26 Октомври 2015, 10:34:54 am »
На дрва колку е заштедата од парно или струја?

А од клима?

Во однос на ракот што се добива прашувам.

Знам дека греење на крадени дрва од шуми е најефтино, ама не за такви туку обични дрва на кубик купени прашувам.

Другаров се префрли така на клима + панелки. незнам колку потроши вкупно. Климата не ја смени таа што му беше таа си ја користи.

Само клима не спасува, ти треба и појачање.

ама муабетот што го кажуваш за тие кои сакаат цели куќи да греат и ги уклучуваат и на сопствено парно со котел незнам дали е прифатлив или му треба по еден климатизер за секоја соба

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1559 на: 26 Октомври 2015, 10:43:31 am »
Никој не вели дека дизелот не е фактор во загадувањето. Ама има разлика. Разликата е во димензиите.
А тие, димензиите бајаги се разликуваат, отприлика... 1000 : 1.
Да го решаваш загадувањето на воздухот во Скопје, со забранување на дизел возила - е како да сакаш да изгасиш пожар со лажички вода. Да дури и тие количини, лажички, прават некоја разлика - но пожарот дефинитивно нема да го изгасиш така.


http://www.grreporter.info/en/fireplace_pollutes_air_much_1000_cars/8814

 Indicative emission of particles:
- Fireplace and wood stove (per 4 hours of burning): 150 g
- Car, model 1992 (per 30 km): 0.5 g
- Car, model 2009 (per 30 km): 0.15 g
- Pellet boiler (per 4 hours of burning): 5 to 20 g
- Heating fuel boiler (per 4 hours burning): 2 g
- Natural gas boiler (per 4 hours burning): 0.2 g