Како успеа да поврзеш капитализам со комфорт зона?
Капитализам означува систем во кој сопственоста е во главно приватна, наместо државна, феудална, на царот, под контрола на бестрашниот лидер...
Една од главните одлики на капитализмот е дека преместува голем дел од одлуките и одговорноста кај тебе, дека поттикнува натпревар, ти дава можност да направиш многу, но и да изгубиш се. Survival of the fittest. Каде е тука комфорот?
Во комфорт зоната си кога се плашиш да пробаш нешто ново, страв ти е да не излезеш од статус-кво ситуацијата, да не те снајде полошо. Кога мислиш дека наведната глава сабја не ја сече. Кога ти е страв да се дигнеш против Турците, Бугарите, Србите, Грците, Бранко, Грујо и компанија. Кога не даваш отказ од посраното работно место каде што се однесуваат со тебе како да си роб, иако знаеш дека си доволно способен да започнеш сопствен бизнис и да му го загорчиш животот на пазарот на оној кој порано заработувал на твој грб.
Ако се обидеш да промениш нешто, можеби и нема да успееш, можеби и катастрофално ќе потфрлиш. Ако не се обидеш пак, неуспехот ти е загарантиран.
Во моментов одобрувате користење на јаглен како гориво, иако знаете дека секојдневно ве труе вас и вашите деца, затоа што се чувствувате неудобно од помислата дека на 100km од вас, можно е да работи нуклеарен реактор.