Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 594931 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1380 на: 01 Февруари 2015, 14:56:04 pm »
Овие со дрвава и јагленов да ги скинеме викаш а?
Ќе ни се фатите!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1381 на: 01 Февруари 2015, 15:52:14 pm »
А зошто во лето кога поголем дел од лугето се вратени во своите градови, дел се по одмори и кога нема греење на дрва, зошто тогаш овие пм10 честици не се во рамките на дозволената граница ?

?

На лето ја нема скопската магла ..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1382 на: 01 Февруари 2015, 19:17:59 pm »
Deneska so Armex disevme kvaliteten vozduh. Neli ARMex?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1383 на: 01 Февруари 2015, 19:22:51 pm »
Дени,браво за линковите и табелите за загадување од дрва,но да не се надеваме дека само греењето на дрва е причина за таквите бројки на PM10 честици.Незнам каде живеете ти и ФилипВ,ама тие што живеат во Ново Лисиче,Лисиче,па и дел од Кисела Вода знаат колку пати смрдеше на запалени гуми,кои ги користи Цементара како гориво или што и да е.Прашајте луѓе што живеат во близина на цементара и што го гледаат оџакот,дали истиот работи летно време или само зимно.Тој проблем со загадувањето од цементара,не верувам дека државата сака да го реши,напротив,им дале еко дозвола и тука завршува приказната.
Што се однесува на загадувањето од дрва,самата влада се фали и стимулира да се греат луѓето на дрва,како најефтин енергенс,наместо да донесе парно греење до сите населби во Скопје,па и тука незнам дали ќе се среди некогаш состојбата.
Пак ќе се повторам,се додека не се направи елаборат за загадувањето во Скопје,кој го причинува и со колкав процент,и како истото најефикасно да се намали,те доведе во дозволените граници,ќе се убедуваме тука дали било од големите индустриски загадувачи или од домаќинствата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1384 на: 01 Февруари 2015, 19:41:33 pm »
Лесно може да заклучиме од приложеното. Ама само ако сакаме. Ако не сакаме тогаш нема да заклучиме.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1385 на: 01 Февруари 2015, 19:43:09 pm »
Закључок се носи после експертска анализа ..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1386 на: 01 Февруари 2015, 20:42:47 pm »
Не мора да значи.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1387 на: 01 Февруари 2015, 21:04:52 pm »
не мора да значи ако „експертска“,али ако е поштена и со цел да го најде и реши проблемот тогаш секако дека значи

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1388 на: 01 Февруари 2015, 23:57:21 pm »
Закључок се носи после експертска анализа ..

Заклучок се носи секогаш кога од премисите (претпоставки кои претходно сме ги утврдиле дека се вистинити) потекнува логичко следство.

Експертите не ни требаат за заклучоци, туку ни требаат за мислење, или суд (тнр. експертско мислење). За заклучоци ни требаат само вистинити премиси и логика.

За да знаеме од каде потекнува најголемиот дел од загадувањето ни се потребни мерни инструменти и логика, т.е. систем на заклучување. А за како да го спречиме загадувањето, т.е. како ја опраиме работата - е за ТОА ни требаат експерти.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1389 на: 02 Февруари 2015, 00:03:00 am »
filipv,имаш другари?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1390 на: 02 Февруари 2015, 03:54:16 am »
Да ги решиме еднаш засекогаш со електрично или гасно греење.
Електрично со електрична енергија која се добива со горење на јаглен. Држи логика :D
Во развиените западно-европски земји, домаќинствата се греат на гас или на централно греење добиено од нуклеарка.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1391 на: 02 Февруари 2015, 07:42:19 am »
filipv,имаш другари?

Имам, ама сите преферираат девојки, извини.

 ;D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1392 на: 02 Февруари 2015, 10:32:08 am »
Да ги решиме еднаш засекогаш со електрично или гасно греење.
Електрично со електрична енергија која се добива со горење на јаглен. Држи логика :D
Во развиените западно-европски земји, домаќинствата се греат на гас или на централно греење добиено од нуклеарка.

Да, електрична енергија добиена од термоелектрани е „многу чиста„ енергија.  ;)
Туку и електричната енергија добиена од нуклеарните централи е далеку од совршено решение. Не само реакторите, туку и потрошеното гориво бара константно ладење и надзор. Видовме во Фукушима што се дешава кога има проблеми со ладењето.
А во врска со надзорот, се случуваат моменти кога надзорот не е како што треба (или воопшто не постои). Среќа што на Левантот немаaт нукеларни централи... и штета што во Украина (и во комшии) имаат.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1393 на: 02 Февруари 2015, 11:12:16 am »
Ако земеш статистички колку енергија се произведува од нуклеарки во однос на штетата направена од изолираните случаи како Факушима, ќе дојдеш до заклучок дека е далеку позелено решение од било кое друго и дека е најчист и најеколошки извор на енергија во однос на било што друго, вклучително и хидро.
Под штета сметам и сето загадување и уништување на природа кое треба да го направиш за да произведеш соларни панели, ветерњачи и слично, како и загадувањето, штетите и нарушувањето на природата при изградбата на нивните централи и нивното вградување.
Понатаму да се земе во предвид разликата во цена од произведената енергијата и проценка на трошокот и загадувањето кое што луѓето треба да го направат за да ја сработат и надоместат таа разлика во цена. На пример еден производствен погон каде електричната енергија влегува со голем % од цената на производот, поради поскапата електрична енергија треба да произведе многу повеќе производи за да го постигне таргетот на заработувачка. Тоа значи трошење на повеќе ресурси и поголемо загадување на природата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1394 на: 02 Февруари 2015, 11:14:33 am »
Според број на жртви за единица произведена енергија, нуклеарната енергије е УБЕДЛИВО најчиста, најбезбедна и нај-све енергија. Убедливо, нема споредба со ништо друго.

Камо среќа цел свет да правеше струја на нуклеарки. Планетава ќе беше далеку поздрава, почиста и посреќна.