Дени,браво за линковите и табелите за загадување од дрва,но да не се надеваме дека само греењето на дрва е причина за таквите бројки на PM10 честици.Незнам каде живеете ти и ФилипВ,ама тие што живеат во Ново Лисиче,Лисиче,па и дел од Кисела Вода знаат колку пати смрдеше на запалени гуми,кои ги користи Цементара како гориво или што и да е.Прашајте луѓе што живеат во близина на цементара и што го гледаат оџакот,дали истиот работи летно време или само зимно.Тој проблем со загадувањето од цементара,не верувам дека државата сака да го реши,напротив,им дале еко дозвола и тука завршува приказната.
Што се однесува на загадувањето од дрва,самата влада се фали и стимулира да се греат луѓето на дрва,како најефтин енергенс,наместо да донесе парно греење до сите населби во Скопје,па и тука незнам дали ќе се среди некогаш состојбата.
Пак ќе се повторам,се додека не се направи елаборат за загадувањето во Скопје,кој го причинува и со колкав процент,и како истото најефикасно да се намали,те доведе во дозволените граници,ќе се убедуваме тука дали било од големите индустриски загадувачи или од домаќинствата