Ти можеш да скокаш до миле воље, јас го почитував еминентниот г-дин Јосиф Таневски, нека му е лесна земјата.
Јас не се сомневам во еминенцијата на проф. Таневски. Се сомневам дека ти не си разбрал ко шо треба.
А кога ти реков дека титулата не е гаранција не сакав да кажам дека проф. Таневски зборува глупости, туку да внимаваш дека можеби некој друг со титула напред ќе збори глупости а ти ќе му веруваш. Затоа треба да имаш критериум. Самата титула тоа не е. Не на таневски титулата. Титулата воопшто.
Поентата е дека во таква форма гумата гори во целост без отровни продукти.
Барав на интернет за проф. Таневски. Го има на многу места. Но, за жал, ниту на едно од нив не се спомнува зборот „гума“.
Филип, сега и хемичар ќе глумиш?
Ајдее...
и хемичар ќе глумам? Демек сум глумел и други работи, па сеа одозгора и хемичар?
Иначе хемија ми беше еден од омилените предмети во школо и имам само некои основни познавања, како на пример дека во реалноста согорувањата се нецелосни. Секогаш останува нешто.
Ако сакаш ќе ти дадам листа од сите предмети кои ме интересирале у животов, за да не се изненадиш ако некогаш напишам нешто во врска со нив, а? Да не мислиш дека пак нешто глумам. Бива? Има така едно списоче.
Искрено, ќе се напиеш ли ти од течноста?
Не, затоа што не сум сигурен дека односот киселина-база ќе биде идеален фифти-фифти, ниту дека базата и киселината ќе бидат 100% чисти. Покрај вода и сол веројатно ќе има и мал милион други нуспродукти во мали количества.