Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 571179 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #705 на: 29 Декември 2013, 20:59:43 pm »
Се жалат сите провинцијалци бидејќи дошле во Скопје мислејќи ќе биде мед и млеко.. ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #706 на: 29 Декември 2013, 21:06:40 pm »
Niz debar maalo smrdi na zapaleni gumi i sekakvi drugi gnasotii

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #707 на: 29 Декември 2013, 21:11:03 pm »
Ако почниме нашироко ова, ќе треба форумот да се проширува во Форум 2.0.
Ама ај на кратко.
Значи цело време се фаќате за провинцијата, а од друга страна со гордост зборувате кога сите инвестиции идат кај вас (сега, рака на џигер, ве сјебаа со еден куп непотребен кичерај, ама за тоа друг пат).
Скоро сите јавни установи се во Скопје (на пример министерствата).
Цело време се форсира (не знам зошто, навистина) во тој дел од пеколот.
За тоа не се виновни провинцијалците. Ние, како и вие се бориме за малку пристоен живот (читај: живуркање).
Одиме онаму каде што има  мала шанса за тоа. Кога би имале шанса, целата таа провинција би се преселила во Германија, искрено, во никој случај не би дошла во Скопје. Многу е подобро да не нарекуваат провинцијалци во Германија отколку провинцијалци во еден град населуван од ковачи, самарџии, опинчари, а во последната деценија и од...
Цело време ќе се лечат комплекси на провинцијалците, како да тие не заслужиле да бидат вработени, или пак да живеат во Скопје, како да вие да си го донесовте од чејзо Скопје или на татка ви е.
Кога би имало прилики за егзистенција и надвор од тој циркуз наречен Скопје, бидете сигурни дека целата таа провинција која е гледате со презир ќе си замини од таму.
Тогаш ќе биди лошо за буџетот кој се полни од еден куп студенти од провинцијата, а и не знам како ќе просперираат оние кои издаваат мувлосани гарсоњери по екстремно високи цени...

Да, реков на кратко, па тука ќе прекинам. Само ќе додадам дека муабетот беше за загаденоста, а загаденоста не е само во Скопје. Ја има и кај нас. Тука е РЕК.
Да, кај нас, провинцијалците е РЕК. Замисли, како можеа тука да направат такво нешто, како не ви го изградија и РЕК во Скопје, можеби позадоволни ќе бевте...

Знаеш, понекогаш ми е ќеф што познавам личности кои работат во неколку најмоќни компании од Скопје, на мошне висока позиција, а не по сендвичари или маркети. Тоа ме прави да имам поголема насмевка кога возвраќам на вашите комплекси :D

П.С. И колку да сака човек да биди коректен и да ги претстави работите онакви кави што се, некој ќе се фати за провинцијата. Вечниот проблем, провинцијата во Скопје, чистите Македончина од по селата низ татковината...

П.П.С. Ќе потрај овој пост колку снегот лански :)


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #708 на: 29 Декември 2013, 21:18:27 pm »
Многу лично го сфаќаш ова. Јас на пример провинцијалци ги нарекувам тие што дошле во Скопје од други место и се понашаат како да го фатиле господ за јајца кога ќе се вратат на местото од кај што потекнуваат. Тоа е провинцијалец, а не човек што дошол од друг град да живее/работи во Скопје.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #709 на: 29 Декември 2013, 21:21:02 pm »
Причината за темава да биде стики/pinned?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #710 на: 29 Декември 2013, 21:25:31 pm »
А колку се тие кои размислуваат така, како тебе?
Сигурно тој што испровоцира не мислеше на сељачаната ширум Македонија, мислеше на провинцијата, а тоа е цела Македонија, освен Скопје. А сељачана си е сељачана, било да е од провинција, било да е од „метрополата“... :)

А за тоа лично, искрено ништо не ми можат тие размислувања за нас провинцијалците. Често доаѓам во Скопје, а до пред две години живеев таму (му ја имам земено работата на некој од Скопје, срам да ми е!).
Во Скопје имам доста другари и пријатели. Имам блиски роднини. Затоа со разбирање зборувам за проблемот околу загадувањето, метежот и слично. Ама што е битно моето размислување, јас сум провинцијалец. Ние сме провинцијалци.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #711 на: 29 Декември 2013, 21:43:10 pm »
Ако почниме нашироко ова, ќе треба форумот да се проширува во Форум 2.0.
Ама ај на кратко.
Значи цело време се фаќате за провинцијата, а од друга страна со гордост зборувате кога сите инвестиции идат кај вас (сега, рака на џигер, ве сјебаа со еден куп непотребен кичерај, ама за тоа друг пат).
Скоро сите јавни установи се во Скопје (на пример министерствата).
Цело време се форсира (не знам зошто, навистина) во тој дел од пеколот.
За тоа не се виновни провинцијалците. Ние, како и вие се бориме за малку пристоен живот (читај: живуркање).
Одиме онаму каде што има  мала шанса за тоа. Кога би имале шанса, целата таа провинција би се преселила во Германија, искрено, во никој случај не би дошла во Скопје. Многу е подобро да не нарекуваат провинцијалци во Германија отколку провинцијалци во еден град населуван од ковачи, самарџии, опинчари, а во последната деценија и од...
Цело време ќе се лечат комплекси на провинцијалците, како да тие не заслужиле да бидат вработени, или пак да живеат во Скопје, како да вие да си го донесовте од чејзо Скопје или на татка ви е.
Кога би имало прилики за егзистенција и надвор од тој циркуз наречен Скопје, бидете сигурни дека целата таа провинција која е гледате со презир ќе си замини од таму.
Тогаш ќе биди лошо за буџетот кој се полни од еден куп студенти од провинцијата, а и не знам како ќе просперираат оние кои издаваат мувлосани гарсоњери по екстремно високи цени...

Да, реков на кратко, па тука ќе прекинам. Само ќе додадам дека муабетот беше за загаденоста, а загаденоста не е само во Скопје. Ја има и кај нас. Тука е РЕК.
Да, кај нас, провинцијалците е РЕК. Замисли, како можеа тука да направат такво нешто, како не ви го изградија и РЕК во Скопје, можеби позадоволни ќе бевте...

Знаеш, понекогаш ми е ќеф што познавам личности кои работат во неколку најмоќни компании од Скопје, на мошне висока позиција, а не по сендвичари или маркети. Тоа ме прави да имам поголема насмевка кога возвраќам на вашите комплекси :D

П.С. И колку да сака човек да биди коректен и да ги претстави работите онакви кави што се, некој ќе се фати за провинцијата. Вечниот проблем, провинцијата во Скопје, чистите Македончина од по селата низ татковината...

П.П.С. Ќе потрај овој пост колку снегот лански :)



немораш да се жештиш одма... прочитај ја поубаво содржината на постот кој беше наменет за твоето жалење што само скопје се спомиња на секој смог, магла, минусни температури и пеколни температури...

ТИ ПРВ ПОЧНА со цмиздрење дека само скопје се зборело.. како криво да ти е, што битАла не ја спомињаат... а јас ти дадов одговор зашто скопје нај често се спомиња...

да вие го имате рек и тоа се 3-4 оџаци... скопје има 200 оџаци такви...

и исто како дарџисус, и јас провинцијалци нарекувам луѓе што дошле во скоје да живеат, а не е провинцијалец оној што седи и функционира во својот град... за мене ако си од битола во битола, ти си битолчанец. ама ако си од битола во скопје, си провинцијалец. збор кој што гадно се прифаќа кај некои луѓе, а кој во суштина означува една група на луге кои дошле-мигрирале од помал град или село во друго поглемо место... и соодветно на тоа правилно го користам.

и извини ако се најде погоден, немав намера да те “гаѓам“ во срце. не беше тоа поентата.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #712 на: 29 Декември 2013, 21:52:10 pm »
Онак, морам да признаам дека твојот пост беше причината за мојот следен пост, ама не беше и поводот.
Поводот беше спомнувањето на провинцијата со негативна конотација. Не сега, не вчера, не завчера. Секогаш кога се спомнува провинција, се спомнува со негативна конотација.
Се сложувам со твоето мислење во постот. Верувам дека ви е преку глава од она што се случува кај вас (не дека кај нас е посјајно, само причината кај нас за тоанесјајното е од други фактори). Разбирам.
Ама не сме ние толку многиу виновни за тоа.
Виновни сме што го дишиме вашиот воздух, ама за да дојди до тоа виновни се други...
И цело време така. Ама затоа што не ни се можи да ги чапниме виновниците, ќе си се задеваме меѓу себе.
Ме потсете ова на случка:

Јас и брат ми купваме лубеница од некој рандом камион. По пат со лубеницата в раце му викам на брат ми:
- Абе овој не ти даде фискална, ништо не му рече, а и мрчеше на продавачката од Тинекс што не ти даде фискална...
- Абе тоа ти е комплексна ствар, ама да преминам на главното. Продавачката го доби и таа е колатерална штета, па нели јас не можам да појдам дирек во кабинете на оние кои раководат со пародијава од држава... :)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #713 на: 29 Декември 2013, 21:54:33 pm »
Покрај тоа што зборот провинција се однесува делот на една земја кој не е главниот град, провинција на некој начин е потценување, како да се сите други заостанати наспроти оние од главниот град. Тоа е проблемот.



I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #714 на: 29 Декември 2013, 21:57:35 pm »
Za zal taka e demek Skopje e grad neviden so kultura nevidena. Ke vi slikam nekoe sabajle da vidite kako od "native" skopjanite se frla gjubreto do kontenjer zoshto go mrzi od kola da izleze...

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #715 на: 29 Декември 2013, 21:59:54 pm »
Покрај тоа што зборот провинција се однесува делот на една земја кој не е главниот град, провинција на некој начин е потценување, како да се сите други заостанати наспроти оние од главниот град. Тоа е проблемот.
Баш тоа. Ако живееш во провинција (читај: надвор од главниот град) си тежок сељак без грам мозок, коефициент на интелигенција колку кисела крастајца. А ако од таа провинција се преселиш во главниот град, е тогаш си бетер од сељак, нешто полошо :)
Za zal taka e demek Skopje e grad neviden so kultura nevidena. Ke vi slikam nekoe sabajle da vidite kako od "native" skopjanite se frla gjubreto do kontenjer zoshto go mrzi od kola da izleze...
Тоа не е ништо, во соседната зграда каде што живеев (не велам дека кај нас во Битола тоа не е случај, само се надоврзувам на твојот муабет. Како што кажав, сељак си е сељак, па кај сака нека е) од не знам кој спрат ги фрлаа најлоните со ѓубре, годејќи го контејнерот долу...обично беше 1:0 за контејнерот...го љуфкаа. Па кога ќе се распрснеа тоа хранливите состојки...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #716 на: 29 Декември 2013, 22:04:58 pm »
Онак,РЕК се 5 оџаци.Максималниот капацитет на 3-те блока е 18.000тони јаглен дневно.Знаеш колку е тоа?А да,не е само РЕК,али доволен е само тој.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7040
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #717 на: 29 Декември 2013, 22:14:03 pm »
@Ipksi M

Znam deka retki se lugjeto sto gi pocituvaat drugite sogragjani, ali jas sum tie sto Bitolcani (vistinskite, ne onie od okolnite sela) gi smetaat za naj gradski lugje vo drzavava so poseben stil na zivot. Taka da, ne gledam zosto se zamaras da se objasnuvas vo temive, a sto e najtragicno I ti I onak ste vo pravo.
Losata politika e taa sto napravi haos vo demografskata politika. A neznam nekoj sto ne saka da si bide svoj na svoeto. Da jas imam vlast vednas bi go preselil Min za zemjodelstvo vo Strumica, M nadvoresni vo Bitola itn..

A za "kapitalnite investicii" vo Skopje ni na dusman ne bi mu gi posakal.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8614
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #718 на: 29 Декември 2013, 22:18:30 pm »
Па тоа и го потенцирам, дека не се виновни провинцијалците што отишле да работат во Скопје...
Инаку не сум јас Битолчанец, од населба сум, провинцијалец и во Битола сум :D

П.С. Изумира тој посебниот стил на живот. Не само заради немаштијата туку и поради гледањето на турски серии :D :D :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #719 на: 29 Декември 2013, 22:19:38 pm »
Брат нема спас за тебе шо да ти правам :) :)