Баш така, кај нас и не е нешто поарно, ама ние не куроцвикаме околу тоа. И кај нас е доволно загадено, пред неколку дена баш јас го спомнав тоа. И кај нас има магли, смогови...
И години наназад, околу студот, снеговите... Кај нас сме ги имале во изобилие и едното и другото, снег до мадиња, студ од глава до петици, ама никој не се жалел, нормално си беше, само што повеќе слизгајнци што правевме...
Во Скопје снег три прсти и одма по телевизиите:
- Снегот ги изненади скопјани, гратски метеж, сообраќајки на секоја раскрсница, дрн дрн јариња...
Температурата паднала 10 степени под нулата, по телевизиите:
- Ситуацијата во Скопје алармантна, жителите загрижени...
Во лето обратна ситуација. Никако да се погоди тоа времето...
А нас во Битола и другите градчиња се' ни е погодено...
А изгледа божем се ситиме ние на сето тоа и ај контра напад (а на повеќе места ситуацијата е сјебана). Не, не се ситиме (барем јас не). Навистина ми е жал за целата ситуација околу загадувањето. Не за пензионерите сигурно, ама за малечките дечиња кои го дишат целиот овој отров...Жално!