aj da vidimee...
„Макстил“ и „Југохром“ пред затворањеноември 15, 2013 16:43
Министерот за животна средина Абдилаќим Адеми тврди дека фабриките „Макстил“ од Скопје и „Југохром“ од Јегуновце, ќе бидат затворени во април годинава. Според Адеми, овие металуршки компании воопшто не инвестирале во поставување на специјални еколошки филтри што укажува на тоа дека најверојатно, нема да можат да добијат А-интегрирани еколошки дозволи во законскиот рок, објави Телевизија Телма.
-Некои фирми ги исполнија стандардите, но некои воопшто не почнале со поставување на потребните филтри, така што тие, најверојатно, односно, не најверојатно, туку сигурен сум дека нема да стигнат до април да ги исполнат стандардите и ќе бидат казнети, изјави министерот Адеми.
Компаниите веќе неколкупати бараа пролонгирање на рокот за еколошко приспособување, кој е до 1-ви април идната година, но владата одби со образложение дека, и по цена некои компании да стават клуч на врата, цврсто стојат на определбата, на граѓаните да им се обезбеди чиста и здрава животна средина.
По тој датум ќе работат само оние фабрики што вложија пари во изградба на филтри, пречистителни станици и во други екоинвестиции, а другите ќе бидат затворени.
Инвестицијата за големите компании чини од 12 до 17 милиони евра. Досега се пристигнати 140 барања за еколошки дозволи, а издадени се 16 А-интегрирани и 36 дозволи за усогласување со оперативен план. На денешната средба со новинарите, министерот најави и дека ќе се обиде да ја убеди владата да ја укине одлуката за увоз на стари возила, затоа што после фабриките, овие возила се најголемите загадувачи на воздухот.
ИЗВОР: Телевизија Телма