sto mislite , kako ke glasi odgovorot?
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Петиција до Груевски за аерозагаденоста на Скопје
Жидас Даскаловски, Пенчо Кузев, Марија Ристевски и Татјана Атанасовска Гроздановска се четворицата изготвувачи на онлајн петиција во која од премиерот Никола Груевски, бараат да стори се што е во неговите можности за да се спречи прекумерното аерозагадување на Скопје и сериозните импликации што тоа ги предизвикува врз граѓаните.
Бидејќи досега ниедна институција не реагирала и се прогласиле за ненадлежни, интелектуалците го повикуваат лично Груевски да преземе нешто.
„Почитуван премиере, загадувањето на животната средина во населбите
Аеродром и Гази Баба е алармантно и бара ваша итна реакција без одлагање. Очекуваме од вас да им наложите на ресорните министерства, да го лоцираат загадувачот веднаш и да изречат санкција во согласност со позитивните прописи во Република Македонија. Не дозволувајте главниот град да постане втор Велес. Товарот на целото општество е далеку поголем и несогледлив на долг рок, во споредба со материјалното богатство на неодговорни и несовесни поединци.“, се наведува во петицијата
http://www.24vesti.mk/peticija-do-gruevski-za-aerozagadenosta-na-skopje