@t0m1cA ме интересира сега кај што живееш. Дали зимоска има магла, односно дали ја има толку како во лисиче?
Дали во близина има некои од поголемиве маркети/школи/градинки/јсп станици. Веќе нема каде да се шири Скопје,па единствен компромис е белимбегово.
@Tesla Да, зимоска знае да има магла наутро ама од испарувања, не гнасен смог, додека Белимбегово ти е во дупка да знаеш и таму знае да се задржи чадот. Јака ти е исто убава опција. Бунарџик конкретно има основно школо до 4то одд и локална продавница, под мене има еден плац околу 500м2, мислам дека му бара околу 15€. Во Илинден имаш се што ти треба, основните Стокомак и КАМ, плус MyMarket и уште еден поголем маркет МБ и еден куп помали што се снабдени со основни потребштини. Единствен минус е што нема класичен пазар. Имаш и продавници со материјали за куќни работи, алати и слично. Градинка има во Илинден, но за жал сеуште нема јасли. Низ Бунарџик поминува 63а и ја има на 40тина мин во просек, додека доле во Илинден имаш повеќе опции и многу почесто. Сума сумарум накај град одам ако ми се шета, немам никаква друга потреба.
ЕДИТ: Во главно нема загадување од причина што нон-стоп има ветре.