Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 745097 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4050 на: 27 Декември 2018, 14:35:55 pm »
Сега гледав пред некоја недела за фукушима документарец (чорба беше не го догледав), браната со морето има била направена за 6 метра бранови дизајнирана,
цунамито 20 метра и оп...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34464
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4051 на: 27 Декември 2018, 14:43:37 pm »
Одвоите 20 минути.


Убаво направена презентација, и многу информативна.
На жалост после првите 10 минути се провлекува bias и необјективност на презентерот.

Имено целата теза е заснована на тоа дека нуклеарната енергија таква каква што е денес, е чиста енергија.
Дефинитивно не е.

Нуклеарна енергија заснована на фисија е земање заем од иднината, земање заем од нашите потомци. Затоа што искористеното гориво бара постојано ладење и специјално складирање во специјални водоотпорни контениери. Тоа кошта пари, труд, и внимание. И прашајте се сега колку време треба така да се чува и да се лади искористеното гориво?

Плутониумот има полуживот (зрачи радијација) до 24 илјади години. Да, 24000 години. 24 века.
https://en.wikipedia.org/wiki/Radioactive_waste
Цитат
Plutonium has a half-life of that can stretch to as long as 24,000 years. The ongoing controversy over high-level radioactive waste disposal is a major constraint on the nuclear power's global expansion.
Сега живееме во 21-ви век, од раѓањето на Исус. Опасноста од складираното искористено гориво од нуклеарните централи ќе заврши во 46-ти век.

Кои се шансите дека во следните 100 години, 1000 години, нема да се случи некоја голема природна катастрофа на местото каде е складирано искористеното гориво од нуклеарните централи? И сето тоа да се истури во животната околина?
- Одговорот на ова не е потребен, веќе е даден со цунамито во Фукушима, и со целата еколошка катастрофа што се случува и до ден денес таму. 5 години по несреќата од Фукушима, во Пацифичкиот Океан сеуште истекува вода од складираното искористено гориво, и од тоа што е останато од реакторите..


Затоа кажувам дека нуклеарна енергија заснована на фисија е земање заем од иднината и земање заем од нашите потомци.
Идејата дека е „чисто“ нешто што следните 24 илјади години треба да се лади и да се чува во специјални услови за да не ја отруе планетата, е смешно невистинита теза. Било какво нарушување на ладењето, дефекти, и/или нарушување на структурната целина на објектот за складирање носи катастрофи, како што видовме и сеуште гледаме во Фукушима. А несреќи, земјотреси и полошо, секогаш имало и ќе има. Да не го спомнуваме и човечкиот фактор, и тероризмот (ај да не им давам идеи).

Дека ова не е приказна, се прврдува и со фактот дека Франција полека ги затвора своите нуклеарни централи:
France to close 14 nuclear reactors by 2035
https://phys.org/news/2018-11-france-nuclear-reactors-macron.html


Понатаму во презентацијата во видеото, се објаснува дека „радијацијата не е толку опасна“ врз основа на извештаи од ОН каде се манипулираат податоците. На пример, велат „нема докажано зголемување во другите видови канцери“ - а не велат дали и како се обиделе да го докажат ова. Вела дека „нема заклучок за штета при пораѓањето и рожбите“, што е адвокатски говор за нешто за што не успеале да се договорат за консезуален заклучок. И многу други вакви примери.

Ефектите на радијацијата врз здравјето се документирана и позната работа. Никакви презентации на ТЕД, и извештаи од ОН, не се медицински докази.

Објективно екологијата на планетава секој ден иде повеќе у пичку матер, а институциите како ОН само ги заташкуваат работите за да се избегне паника кај популацијата.

Едно време збореа да депонирале огромн околичество на нуклеарен отпад на места каде тектонските плочи се притискаат една врз друга. Ако отпадот се депонира длабоко во плоча која оди надолу накај обвивката на планетата тогаш проблемот со нуклеарниот отпад е засекогаш решен.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4052 на: 27 Декември 2018, 14:52:24 pm »
Едно време збореа да депонирале огромн околичество на нуклеарен отпад на места каде тектонските плочи се притискаат една врз друга. Ако отпадот се депонира длабоко во плоча која оди надолу накај обвивката на планетата тогаш проблемот со нуклеарниот отпад е засекогаш решен.

Koи се шансите ова да се изведе се вака супер како што звучи? Да не се деси катастрофа?
На колкава длабочина треба да се складира тој нуклеарен отпад? Која технологија е потребна? Имаме нешто такво?

Лаички гледано (како што лаички муабетиме), поедноставно би било во свемир да се фрла нуклеарниот отпад. Со сегашната технологија неисплатливо - гледајќи ја цената на килограм качен горе.
Подобро таа технологија да се развива, компатибилна е со диверзификација на хабитатот и освојување на свемирот.

Краткорочни цели според мене би биле вложување многу повеќе во развој на исплатлив реактор на фузија. Уште пократкорочно е фокусирање на употреба на природен гас како почисто фосилно гориво, и развој на реактори за фисија на Ториум... На жалост НИШТО од ова не се случува, затоа што тие што одлучуваат за цел имаат свои краткорочни цели (сопствен економски бенефит). Ја немаат за цел добробитта и иднината на човештвото.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4053 на: 27 Декември 2018, 14:57:16 pm »
Едно време збореа да депонирале огромн околичество на нуклеарен отпад на места каде тектонските плочи се притискаат една врз друга. Ако отпадот се депонира длабоко во плоча која оди надолу накај обвивката на планетата тогаш проблемот со нуклеарниот отпад е засекогаш решен.

Koи се шансите ова да се изведе се вака супер како што звучи? Да не се деси катастрофа?
На колкава длабочина треба да се складира тој нуклеарен отпад? Која технологија е потребна? Имаме нешто такво?

Лаички гледано (како што лаички муабетиме), поедноставно би било во свемир да се фрла нуклеарниот отпад. Со сегашната технологија неисплатливо - гледајќи ја цената на килограм качен горе.
Подобро таа технологија да се развива, компатибилна е со диверзификација на хабитатот и освојување на свемирот.

Краткорочни цели според мене би биле вложување многу повеќе во развој на исплатлив реактор на фузија. Уште пократкорочно е фокусирање на употреба на природен гас како почисто фосилно гориво, и развој на реактори за фисија на Ториум... На жалост НИШТО од ова не се случува, затоа што тие што одлучуваат за цел имаат свои краткорочни цели (сопствен економски бенефит). Ја немаат за цел добробитта и иднината на човештвото.
Воопшто не е поедноставно да се улета 40000kmh отпад, отколку лабаво да се спушти во океан на длабина од 8000m сам да си падне.

Прекрасна епизода за фрлање ствари во вселена:
https://www.dailymotion.com/video/x58qqlj

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4054 на: 27 Декември 2018, 17:10:31 pm »
Баш сакав да најдам некој гиф од топката со ѓубре кога го пишував постот, после заборавив.  ;D

Нема... само скриншотови:

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34464
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4055 на: 27 Декември 2018, 17:27:56 pm »
Нешто у овој стил:



Набутај таму и нек си ибе мајката. Бутај све и свашта. У најлош случај тоа може да избие пак нагоре ама ќе се претопи, ќе се врзе, ќе му се намали концентрацијата.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4056 на: 27 Декември 2018, 17:36:17 pm »
А наместо ад-хок импровизирање за задоволување на растечките потреби на енергија - да испланираме како човештво колкава популација може планетава да издржува БЕЗ ЗАГАДУВАЊЕ, со обновливи извори како хидроцентрали?

Потоа да си ја развиваме науката во правец на освојување на свемирот и вселенски патувања, па за некое време да си населиме други планети. Други системи, каде ќе има ресурси за ширење и зголемување на човештвото БЕЗ ДА СЕ УНИШТИМЕ САМИТЕ СЕБЕ?

Како звучи ова за задоволување на енергетските потреби и справување со загадувањето? :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4057 на: 27 Декември 2018, 17:42:37 pm »
Утописки ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4058 на: 27 Декември 2018, 18:14:06 pm »
Хидроцентрали се далеку од обновливи и стравотно лоши за еко системот.

Единствени еколошки се фотоволтаици и нуклеарни централи.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4059 на: 27 Декември 2018, 18:23:34 pm »
За кој се лоши хидроцентралите?
За рисот?  :D

Кој го ебе рисот.
За рибите и нивните мрестилишта ми е жал, ама ќе се мрестат на подолни мрестилишта или нивното место ќе го заземат други видови.

Хидроцентралите се супер. Не загадуваат ништо а дожд ионака паѓа, реките секако течат.
Плус резерва вода за агрикултура. Што има лошо?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4060 на: 27 Декември 2018, 18:34:03 pm »
Додека е кој го ебе муабетот, џабе муабети за подобрување.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4061 на: 27 Декември 2018, 19:24:23 pm »
Сериозно те прашувам, приказни за рисовите ги ставаш пред бенефитите од бесплатна еколошка енергија од хидроцентрала?
Од таа хидроцентрала после цело Скопје може да се грее со клима уреди, и фазла да остане.

Рисот нема да се удави, ќе отиде 50 метри повисоко. А богами ако изборот е меѓу рисот и мене и моите, лично ќе го удавам во новото езеро.   :-X

Лично сум презервационистички определен, но не идеолошки-презервационистички по секоја цена. На милион начини ја уништуваме природата, и се правиме слепи за тоа... Ама сега заради воденење на левото маде на еден блиску-до-апекс предатор (кој нема да го дебалансира ланецот на исхрана), да ја дозаебуваме животната средина со нееколошки извори на енергија?

Исклучително краткогледо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4062 на: 27 Декември 2018, 20:36:32 pm »
Да краткогледо.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4063 на: 27 Декември 2018, 20:55:10 pm »
Пасив агресив.  8)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4064 на: 27 Декември 2018, 21:13:30 pm »
Кругот е малечок, а во него сме сите.