како разбрав законот за налепници мислат брзо да го усвојат... е сега друго ми е прашањето, кои ќе бидат МЕРИЛАТА за загадување
Едно е составот на издувните гасови, мерен, друго е година на производство ( тешка глупост), трето е фактички податоци фабрички за возилата
А многу важен елемент е и КОЛКУ некое возило ВОЗИ годишно и кумулативно загадува!!!
Зошто на технички да не се евидентира помината километража ( и исправност на километража) кога веќе се усвоија кај нас драконски казни за чепкање на километражата

Исто така треба да се санкционира работа на моторот во место подолго од некој период ( н.пр. 2-3 минути), мерка што веќе ја има во законска регулатива и пракса во некој држави...