Сериозно те прашувам, приказни за рисовите ги ставаш пред бенефитите од бесплатна еколошка енергија од хидроцентрала?
Од таа хидроцентрала после цело Скопје може да се грее со клима уреди, и фазла да остане.
Рисот нема да се удави, ќе отиде 50 метри повисоко. А богами ако изборот е меѓу рисот и мене и моите, лично ќе го удавам во новото езеро.

Лично сум презервационистички определен, но не идеолошки-презервационистички по секоја цена. На милион начини ја уништуваме природата, и се правиме слепи за тоа... Ама сега заради воденење на левото маде на еден блиску-до-апекс предатор (кој нема да го дебалансира ланецот на исхрана), да ја дозаебуваме животната средина со нееколошки извори на енергија?
Исклучително краткогледо.