Одвоите 20 минути.
Убаво направена презентација, и многу информативна.
На жалост после првите 10 минути се провлекува bias и необјективност на презентерот.
Имено целата теза е заснована на тоа дека нуклеарната енергија таква каква што е денес, е чиста енергија.
Дефинитивно не е.
Нуклеарна енергија заснована на фисија е земање заем од иднината, земање заем од нашите потомци. Затоа што искористеното гориво бара постојано ладење и специјално складирање во специјални водоотпорни контениери. Тоа кошта пари, труд, и внимание. И прашајте се сега колку време треба така да се чува и да се лади искористеното гориво?
Плутониумот има полуживот (зрачи радијација) до 24 илјади години. Да, 24000 години. 24 века.
https://en.wikipedia.org/wiki/Radioactive_wastePlutonium has a half-life of that can stretch to as long as 24,000 years. The ongoing controversy over high-level radioactive waste disposal is a major constraint on the nuclear power's global expansion.
Сега живееме во 21-ви век, од раѓањето на Исус. Опасноста од складираното искористено гориво од нуклеарните централи ќе заврши во 46-ти век.
Кои се шансите дека во следните 100 години, 1000 години, нема да се случи некоја голема природна катастрофа на местото каде е складирано искористеното гориво од нуклеарните централи? И сето тоа да се истури во животната околина?
- Одговорот на ова не е потребен, веќе е даден со цунамито во Фукушима, и со целата еколошка катастрофа што се случува и до ден денес таму. 5 години по несреќата од Фукушима,
во Пацифичкиот Океан сеуште истекува вода од складираното искористено гориво, и од тоа што е останато од реакторите..
Затоа кажувам дека нуклеарна енергија заснована на фисија е земање заем од иднината и земање заем од нашите потомци.
Идејата дека е „чисто“ нешто што следните 24 илјади години треба да се лади и да се чува во специјални услови за да не ја отруе планетата, е смешно невистинита теза. Било какво нарушување на ладењето, дефекти, и/или нарушување на структурната целина на објектот за складирање носи катастрофи, како што видовме и сеуште гледаме во Фукушима. А несреќи, земјотреси и полошо, секогаш имало и ќе има. Да не го спомнуваме и човечкиот фактор, и тероризмот (ај да не им давам идеи).
Дека ова не е приказна, се прврдува и со фактот дека Франција полека ги затвора своите нуклеарни централи:
France to close 14 nuclear reactors by 2035https://phys.org/news/2018-11-france-nuclear-reactors-macron.htmlПонатаму во презентацијата во видеото, се објаснува дека „радијацијата не е толку опасна“ врз основа на извештаи од ОН каде се манипулираат податоците. На пример, велат „нема докажано зголемување во другите видови канцери“ - а не велат дали и како се обиделе да го докажат ова. Вела дека „нема заклучок за штета при пораѓањето и рожбите“, што е адвокатски говор за нешто за што не успеале да се договорат за консезуален заклучок. И многу други вакви примери.
Ефектите на радијацијата врз здравјето се документирана и позната работа. Никакви презентации на ТЕД, и извештаи од ОН, не се медицински докази.
Објективно екологијата на планетава секој ден иде повеќе у пичку матер, а институциите како ОН само ги заташкуваат работите за да се избегне паника кај популацијата.