Не е проблемот во предимензионираните печки. И мојата печка е предимензионирана, ама го согорува целосно. И надвор воопшто не чади.
Без навреда, ама нешто од овие две работи погоре не е точно. Затоа што ако твојата печка ефикасно го согорува дрвото - тогаш твојата печка не е предимензионирана. Инаку ќе бегаше надвор од жешко дома.

Имено, предимензионирање е кога на човек му требаат 3 до 5 киловати топлина - ама пазарел 10 киловатно ќумбе. Таков човек и да не му се проблем парите (за дрва), пак ќе загадува како што загадуваат и тие кои „штедат“ со тлеење на дрвата (со намален доток на воздух/кислород). Еве предизвик до било кој - нека најде 3 или макар 3 киловатно ќумбе. Јас со години не успевам.
Друго, целосно согорување на дрвата не е можно со достапната технологија. Блиску до целосно согорување, или над 90% ефикасност се добива со печки на пиролиза. Таквите се искличително скапи, читај над 2-3 илјади евра. Како алтернатива гуглај rocket stoves кои се изводлива направи сам варијанта каде донекаде се добива ова за релативно мали пари.
Тоа што мириса на несогорено дрво, на саѓи, и од оние оџаци што излегува јак чад, тоа е резултат на луѓето што ги затнуваат ќумбињата на максимум, без разлика дали му е предимензионирано или не, го затнува дотокот на воздух и издувот на максимум и дрвото тлее а се со цел да му трае тоа дрво што е можно подолго и се тоа заради една причина: да заштедат.
Епа каква „заштеда“ е тоа кога над 90% од дрвата им бегаат низ оџак?
Ниту се загреани, ниту платените ресурси (дрвата) се искористени.
Точно е дека заштедува и дека помалку става дрва, но од друга страна ниту се загреани и загадуваат повеќе.
Јас имам комшии кои се греат на овој начин, со 4 мали трупчиња на дневна база поминуваат, ниту се загреани, ниту убаво согорува дрвото и резултатот е тој што го чувствуваш со носот.
Ова не е греење, туку негреење. Подобро и поефикасно е да „инвестираат“ во неколку ќебиња по човек, ако веќе сакаат со негреење да се загреат.
Затоа се нервирам кога се даваат субвенции за автомобили и за печки на пелети, кога потребни се субвенции за клима уреди. Не сакам веќе да слушам како луѓето немале изолација и слично, дури и така позагреани ќе бидат со клими. Наместо на 15степени дома, ќе имаат 18 или можеби и 20с. И тоа 24/7, а не само неколку (кратки) пати во денот. Може нема „да шетаат по гаќи“, ама ќе имаат нешто релативно понормално за престој.