Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 744648 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3960 на: 12 Декември 2018, 20:58:16 pm »
Напротив не се надевам ама ич во ниту еден политичар од сите опции што се на располагање во моментов за да се гласаат за следни избори.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3961 на: 12 Декември 2018, 21:57:23 pm »
Затоа де, џае се надеваме дека нешто ќе решат тие. Што можеме ние...Ма и идните не верувам. Пази, некој 10 год немаше идеа како да се справи со загадувањето и бешенеспособен и сега преку ноќ има милион идеи, проекти начини. Бре мајката. Е работава е сите што се такви, или што би се рекло сдсш прави вмровски работи, на крај па ние го кркаме. Пак ќе речам никој не не онади 2%... Него ако има некој идеа ние сами да си решиме нека каже. Сега гледам 2-3 дрвца насадија ама не верувам дека кој знае колку ќе мени тоа.. Мислам ок е амаџабе ко на 3 засадени дрва храдат 15 згради и уништуваат декар зеленило... Проблемот не е само локален, никој не се доселил од чалам, сите се од мака дојдени, но треба да се превземе нешто. Наводно Милијарди Евра се изнесени од државава, со тие пари цела држава ќе беше „Лас Вегас“, буквално ружи и зеленило на секаде, инфраструктура фабрики све ќе беше топ ама...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3962 на: 12 Декември 2018, 22:31:33 pm »
Ван, може да ми кажеш колку овој оџак на цементара загадува, поточно за колку возила или ќумбиња загадува ?
Видливо е на сликата горе десно како започнува да се создава смог од тој чад. Сликава е од утрото денес во 7 часот.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

За одговор ни требаат податоци како: колку киловати е горилникот, што горат, колку саати на ден.
Инаку да, изгледа заебано чадот од Цементара.

Само јас ќе кажам дека веднаш се чуствува во маало кога ќе престане да дува ветер. Или кога идам од Кејот и влегувам во уличките, покрај кејот и да не дува силен ветер голема разлика од влагањето меѓу куќите. Тоа друже (барем кај мене во реонот Тафталиџе2, Карпош 3/4, Нерези, Влае) е чадот од соседите, не е чадот од далечна Цементара. Пошто веднаш се чуствува голема разика кога ќе престане да дува ветер. Денес беше баш таков случај. Се враќам од прошетка, си викам да излуфтирам пред да се усмрди - кога она веќе смрди. Малку да престане да дува ветер, веднаш се концетрира чадот, пошто рајава овде сите се со предимензионирани ќумбиња и никој не ги согорува ефикасно дрвата (барем тие што не горат иверки и друго ѓубре). Чадот е полн со саѓи (несогорено дрво) и наместо да бега нагоре, тој паѓа долу и останува долу кога нема ветар да го однесе на друго место.

Цементара и сличните ако не јебат сите по малку, сепак најмногу не ебат соседите со ќумбињата. Најлошо е кога со денови не дува ветер. Тогаш ефектот на Цементара и индустријата се интензивира, но уште повеќе и од ќумбињата.  :(


Како и да е, треба да престанеме да го правдаме едното со другото. Нема извинување за постоење на Цементара во сред главен град. Но уште помалку треба да има оправдување за немање гасна инсталација до секој дом во 21-ви век, и кога веќе сите ветуваат повеќе мандати а главни доводни цевки ИМА под булеварите. Заради политички одлуки (повисоко и надвор од интересите на државата) ни го ебаваат здравјето со години и децении.

Каде е сега Шилегов?
Втора година тера а НЕ НИ ПОЧНАЛ ДА ПРАВИ НЕШТО ЗА ГАСИФИКАЦИЈАТА КОЈА ЈА ВЕТИ!!!
Го праќа Макрадули да објаснува дека после следните избори ќе го решеле загадувањето. Лажливи копилиња, да им ебам се женско што вреди да се ебе...
« Последно менување: 12 Декември 2018, 22:39:26 pm Van »

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3963 на: 12 Декември 2018, 22:36:35 pm »
Cementara preku den dodeka IMA inspekciska sluzba mozebi vklucuva filtri, no koga ke zajde sonceto... 2 nedeli go nosam maliot na 4-ka go 6-20 sabajle do 11 oktomvri, ne mozam da ja opisam bojata od odzakot na drug nacin osven oker, a lani kolku sto se sekavam od zgradite kaj meckarov se zalea za tezok smrad I nemoznost da izluftiraat sabajlecki, baska sto kako katalizator za proces  za stvaranje cement koristat seckana guma so amin na opstina/drzava...podmackano...

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3964 на: 12 Декември 2018, 22:56:55 pm »
Само јас ќе кажам дека веднаш се чуствува во маало кога ќе престане да дува ветер. Или кога идам од Кејот и влегувам во уличките, покрај кејот и да не дува силен ветер голема разлика од влагањето меѓу куќите. Тоа друже (барем кај мене во реонот Тафталиџе2, Карпош 3/4, Нерези, Влае) е чадот од соседите, не е чадот од далечна Цементара. Пошто веднаш се чуствува голема разика кога ќе престане да дува ветер. Денес беше баш таков случај. Се враќам од прошетка, си викам да излуфтирам пред да се усмрди - кога она веќе смрди. Малку да престане да дува ветер, веднаш се концетрира чадот, пошто рајава овде сите се со предимензионирани ќумбиња и никој не ги согорува ефикасно дрвата (барем тие што не горат иверки и друго ѓубре). Чадот е полн со саѓи (несогорено дрво) и наместо да бега нагоре, тој паѓа долу и останува долу кога нема ветар да го однесе на друго место.

Не е проблемот во предимензионираните печки. И мојата печка е предимензионирана, ама го согорува целосно. И надвор воопшто не чади. Секоја година го чистиме оџакот.
Тоа што мириса на несогорено дрво, на саѓи, и од оние оџаци што излегува јак чад, тоа е резултат на луѓето што ги затнуваат ќумбињата на максимум, без разлика дали му е предимензионирано или не, го затнува дотокот на воздух и издувот на максимум и дрвото тлее а се со цел да му трае тоа дрво што е можно подолго и се тоа заради една причина: да заштедат. Точно е дека заштедува и дека помалку става дрва, но од друга страна ниту се загреани и загадуваат повеќе.
Јас имам комшии кои се греат на овој начин, со 4 мали трупчиња на дневна база поминуваат, ниту се загреани, ниту убаво согорува дрвото и резултатот е тој што го чувствуваш со носот.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3965 на: 12 Декември 2018, 22:59:28 pm »
Братче сите што горите дрва или шо и да е загадувате. Незнам шо не е јасно. 21ви век ќе се убедуваме за ефикасност на согорување на дрво

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3966 на: 12 Декември 2018, 23:03:51 pm »
Инсталирајте skopjepulse на телефоните или преку МојВоздух,пратете мерни станици 11 Октомври,Бисер и Аеродром,времето кога се качуваат вредностите,па може ќе забележите интересни состојби како и јас.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3967 на: 12 Декември 2018, 23:14:41 pm »
Не е проблемот во предимензионираните печки. И мојата печка е предимензионирана, ама го согорува целосно. И надвор воопшто не чади.
Без навреда, ама нешто од овие две работи погоре не е точно. Затоа што ако твојата печка ефикасно го согорува дрвото - тогаш твојата печка не е предимензионирана. Инаку ќе бегаше надвор од жешко дома. :)

Имено, предимензионирање е кога на човек му требаат 3 до 5 киловати топлина - ама пазарел 10 киловатно ќумбе. Таков човек и да не му се проблем парите (за дрва), пак ќе загадува како што загадуваат и тие кои „штедат“ со тлеење на дрвата (со намален доток на воздух/кислород). Еве предизвик до било кој - нека најде 3 или макар 3 киловатно ќумбе. Јас со години не успевам.

Друго, целосно согорување на дрвата не е можно со достапната технологија. Блиску до целосно согорување, или над 90% ефикасност се добива со печки на пиролиза. Таквите се искличително скапи, читај над 2-3 илјади евра. Како алтернатива гуглај rocket stoves кои се изводлива направи сам варијанта каде донекаде се добива ова за релативно мали пари.


Цитат
Тоа што мириса на несогорено дрво, на саѓи, и од оние оџаци што излегува јак чад, тоа е резултат на луѓето што ги затнуваат ќумбињата на максимум, без разлика дали му е предимензионирано или не, го затнува дотокот на воздух и издувот на максимум и дрвото тлее а се со цел да му трае тоа дрво што е можно подолго и се тоа заради една причина: да заштедат.
Епа каква „заштеда“ е тоа кога над 90% од дрвата им бегаат низ оџак?
Ниту се загреани, ниту платените ресурси (дрвата) се искористени.


Цитат
Точно е дека заштедува и дека помалку става дрва, но од друга страна ниту се загреани и загадуваат повеќе.
Јас имам комшии кои се греат на овој начин, со 4 мали трупчиња на дневна база поминуваат, ниту се загреани, ниту убаво согорува дрвото и резултатот е тој што го чувствуваш со носот.
Ова не е греење, туку негреење. Подобро и поефикасно е да „инвестираат“ во неколку ќебиња по човек, ако веќе сакаат со негреење да се загреат.

Затоа се нервирам кога се даваат субвенции за автомобили и за печки на пелети, кога потребни се субвенции за клима уреди. Не сакам веќе да слушам како луѓето немале изолација и слично, дури и така позагреани ќе бидат со клими. Наместо на 15степени дома, ќе имаат 18 или можеби и 20с. И тоа 24/7, а не само неколку (кратки) пати во денот. Може нема „да шетаат по гаќи“, ама ќе имаат нешто релативно понормално за престој.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3968 на: 12 Декември 2018, 23:27:37 pm »
Не е проблемот во предимензионираните печки. И мојата печка е предимензионирана, ама го согорува целосно. И надвор воопшто не чади.
Без навреда, ама нешто од овие две работи погоре не е точно. Затоа што ако твојата печка ефикасно го согорува дрвото - тогаш твојата печка не е предимензионирана. Инаку ќе бегаше надвор од жешко дома. :)

Со 3 трупчиња и пламен убав, 28 степени во дневната соба е. Во кујна каде што и се наоѓа во тие моменти не се стои повеќе од 1 минута. Во другите две соби температурата е 24 степени. 11 kw е декларирано дека пушта топлина. Тоа си бара парно да се инсталира. Е ако инсталирам парно, тек тогаш ќе имам по 28-29 степени во сите соби.
Да ги имам ПВЦ прозори и плус тој ѕид према подрум изолирано, и преку 30 степени со тој пламен ќе направи.

Цитат
Тоа што мириса на несогорено дрво, на саѓи, и од оние оџаци што излегува јак чад, тоа е резултат на луѓето што ги затнуваат ќумбињата на максимум, без разлика дали му е предимензионирано или не, го затнува дотокот на воздух и издувот на максимум и дрвото тлее а се со цел да му трае тоа дрво што е можно подолго и се тоа заради една причина: да заштедат.
Епа каква „заштеда“ е тоа кога над 90% од дрвата им бегаат низ оџак?
Ниту се загреани, ниту платените ресурси (дрвата) се искористени.


Цитат
Точно е дека заштедува и дека помалку става дрва, но од друга страна ниту се загреани и загадуваат повеќе.
Јас имам комшии кои се греат на овој начин, со 4 мали трупчиња на дневна база поминуваат, ниту се загреани, ниту убаво согорува дрвото и резултатот е тој што го чувствуваш со носот.
Ова не е греење, туку негреење. Подобро и поефикасно е да „инвестираат“ во неколку ќебиња по човек, ако веќе сакаат со негреење да се загреат.

Затоа се нервирам кога се даваат субвенции за автомобили и за печки на пелети, кога потребни се субвенции за клима уреди. Не сакам веќе да слушам како луѓето немале изолација и слично, дури и така позагреани ќе бидат со клими. Наместо на 15степени дома, ќе имаат 18 или можеби и 20с. И тоа 24/7, а не само неколку (кратки) пати во денот. Може нема „да шетаат по гаќи“, ама ќе имаат нешто релативно понормално за престој.

Е ајде де. И верувај кај нив ем трошат дрва, ем ладно е, не чувствуваш разлика кога влегуваш да те удри топлина од внатре, туку како надвор, така и внатре. Се потрошиле дрвата, летнале парите низ оџак, ниту загреан, и загадуваш уште повеќе него ако колку толку подобро согори дрвото и потрошиш уште пар трупчиња на дневна база.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3969 на: 12 Декември 2018, 23:34:43 pm »
Фило има право кога вели доток на воздух затворен и дрвото тлее и чади. На тоа да се додаде и сирово дрво.
Суво дрво кога ќе се разбувта не чади.

Ван исто е во право што се однесува до пиролизата.

Повторно ќе кажам, чадот од Усје е секогаш бел. Последен пат кога видов чад (прашина) од усје беше крајот на 90 или почеток на 2000.
Тука само се губи непотребно енергија докажувајки дека усје загадува...

Градот е сјебан од ќумбиња и фирмичиња што горат сешто.
Чаре гасификација и топловодна мрежа и забрана за горење каде е достапна некоја од овие две мрежи.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3970 на: 12 Декември 2018, 23:43:48 pm »
Градот е пренатрупан. Ако топлификација порано пуштала парно за 50 згради, сега пушта за 90. Мора дополнителен енергенс, троши мазут. Зградите се без општо-корисно и човечко размислување направени, односно не се плански. На секое метро по една зграда, не дај боже да треба да дојде пожарна, тек тогаш ќе кукаме. Со самото тоа, нема струење на воздухот. И порано се грееле на дрва. Ама на дрва. А не на примеси, дрва со гума/пластика/картон итн.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3971 на: 12 Декември 2018, 23:47:40 pm »
Пушта за 90, но пола станови исклучени. И тука треба поинаква регулација...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3972 на: 12 Декември 2018, 23:54:19 pm »
Чаре гасификација и топловодна мрежа и забрана за горење каде е достапна некоја од овие две мрежи.
Чаре да, ама некој треба да го направи чарето. А сегашниве политичари многу ветуваа ама ништо не почнаа, посебно ама баш ништо со гасификацијата. Дури и за полоши ги гледам од претходниците од претходната постава - пошто овие сега 10 години плачеа дека подобро ќе работат од  претходните кои не работат.

Лицемерно ќе биде гласањето за било која од тие две политички партии. Сетете се кога ќе дојдат избори.



Со 3 трупчиња и пламен убав, 28 степени во дневната соба е. Во кујна каде што и се наоѓа во тие моменти не се стои повеќе од 1 минута. Во другите две соби температурата е 24 степени. 11 kw е декларирано дека пушта топлина. Тоа си бара парно да се инсталира. Е ако инсталирам парно, тек тогаш ќе имам по 28-29 степени во сите соби.
Да ги имам ПВЦ прозори и плус тој ѕид према подрум изолирано, и преку 30 степени со тој пламен ќе направи.

Добро, ти функционираш релативно добро и многу помалку загадуваш од другите со ќумбиња. Само сепак јасно ти е дека твојата печка во најдобриот случај има 60 до 63% согорување? И тој процент на согорување е кога доводот на воздух ти е пуштен на најмногу. Провери во документацијата од печката, ако ја чуваш а веројатно ја има и на нет (барем кај српските произведувачи).

Ти претпоставувам дека малку го намалуваш доводот на воздух, па да кажеме имаш ~50% ефикасно согорување. Ете и декларираните 63% нека бидат. Секако најмалку 37% од дрват ти бегаат неискористени со чадот. Замисли тоа е повеќе од една третина (а веројатно половина) од дрвата.
Toa што бега освен зијан е и загадување, како што самиот кажа. Многу помалку загадување од комшијата кој „штеди“, ама сеуште загадување повеќе од 1000 еуро 2 автомобили заедно.

Еве ти една идеја да го подобриш согорувањето, преку поставување на секундарно согорување во сегашната печка. Мислам дека некаде имав и контакт од човек кој ова го прави за пари, но можеш и сам да го изведеш.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3973 на: 12 Декември 2018, 23:59:32 pm »
Van ако не е тајна што факултет имаш завршено?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3974 на: 13 Декември 2018, 00:02:50 am »
Неам.