Прво мојата теза не е негласање. Мојата теза е
негласање за некој што ме заебал како гласач и граѓанин на оваа држава - и сеедно што тоа било пред еден или повеќе мандати.
Таа теза нема магично наеднаш да стане глупава заради тоа што ја нарекол глупава некој партиски дрон. За да докажеш дека тезата не чини, треба да објасниш што е тоа толку корисно во менување на власт, на исти две клептрократски партии - па уште истовремено додека шошонската клептрократска партија со децении не се мрднала од власт. Иако крадат и лажат исто како и другиве две партии (па и повеќе).
Во Бејкерсфилд... таму се справуваат со проблемот со годинин наназад без разлика кој е на власт
Епа овде никако
не се справуваат со проблемот со децении наназад - без разлика кој е на власт.
Не знам како е преку барата, и искрено не ме интересира освен ако не покажеш некое решение кое можеме да го примениме овде. А ако имаат 70.000 заболени со астма, изгледа не се справуваат баш добро.
Не знам за америте што прават. Но тоа што го знам е дека нам овде итно и очајно ни треба гасификација на сите домови во Скопје, а подоцна и на сите населби во котлината. Тоа што го знам е дека гасификација ни ветуваа и ни ветуваат сите влади и сите градоначалници со децении наназад. Сите ветуваат - ама никој не исполнува.
Тоа што го знам е дека на Водно му ебаа матер за поевтино да однесат гасовод до Тетово и Гостивар.
Тоа што го знам е дека во Скопје одамна под сите големи булевари има дистрибутивни гасоводни цевки - ама домаќинствата никако да се почнат да се приклучуваат. Иако куртонот Шилегов предизборно вети дека веднаш ќе отпочне со гасификација на домовите, ако го добие мандатот. Епа мандатот го доби, ама наместо да прекопува за цевки во Скопје, го прекопа Водно за гасовод до Тетово и Гостивар. Барем на луѓето таму да им дадат гас, ама нема, гасоводот ќе биде само за нивните куртон партнери индустриски газди кои им ги финансираат предизбодните кампањи.
Тоа што го знам е дека се даваат субвенции за автомобили, и тоа 5 ебани илјади евра по ауто. Се даваат и субвенции за печки на пелети... Но не се даваат субвенции за клима уреди. А сето тоа додека не ебат во мозок дека зголемувањето на цената на дизелот е за наше (еколошко) добро, и дека еуро 2 стандард не е доволно добар за стандард во град каде има стотици илјади ќумбиња кои секое одделно загадува повеќе од илјада еуро 2 аута.
Знам и дека сето ова би требало да им е познато на многумина.
Веројатно и им (ви) е познато, ама не ви одговара на партиските интереси да го признаете.