Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 744526 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3945 на: 12 Декември 2018, 18:06:03 pm »
5? 10? Нека се и 50?

Менува нешто, наспрема 10000 оџаци? Или 50000?

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3946 на: 12 Декември 2018, 18:24:45 pm »
Па не верувам дека загадува колку 10 или 50 оџаци. Поготово кога ќе поработи уште неколку часови. Оној смог што се забележува ќе биде тродупло поголем после неколку часови чадење на овој оџак така да не е колку за 50 оџаци.

Не дека сметам оти загревањето на домовите со дрва не е загадувач или дека има мал допринос, се сложувам дека има огромен удел, ама и од сликава со чадот од Цементара се забележува дека не е мало загадувањето и итекако допринесува во загадувањето на Аеродром, Лисиче, Кисела Вода.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4290
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3947 на: 12 Декември 2018, 18:28:28 pm »
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3948 на: 12 Декември 2018, 18:38:21 pm »
Ван, може да ми кажеш колку овој оџак на цементара загадува, поточно за колку возила или ќумбиња загадува ?
Видливо е на сликата горе десно како започнува да се создава смог од тој чад. Сликава е од утрото денес во 7 часот.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Секој ден во 7:40 излегувам на тераса да испушам цигарче и сакал, несакал, си го гледам димот од цементара. Колку загадува не знам, но димот е секогаш бел и постепено се разложува високо во воздух.
Оваа боја е игра на утринско ниско сонце плус дифузна светлина.
Слично се случува со облаците кои се бели, но стануваат црни (темни) или црвени или во други нијанси...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3949 на: 12 Декември 2018, 18:47:05 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Оваа слика сакав да ја коментирам уште кога првпат ја видов, ама еве сега.
Искористен е агол од високо каде точката каде што димот се разложува е претопен во хоризонтот каде реално има комбинација од магла и зачаденост па делува како еколошка катастрофа.
Од ниско ако се гледа истата ситуација ќе се види дека нема никаква физичка поврзаност на димот од цементара со димот кај скопска црна гора.

Впрочем не може димот да се шири и лево и десно како на сликата.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3950 на: 12 Декември 2018, 18:51:26 pm »
Секој ден во 7:40 излегувам на тераса да испушам цигарче и сакал, несакал, си го гледам димот од цементара. Колку загадува не знам, но димот е секогаш бел и постепено се разложува високо во воздух.
Оваа боја е игра на утринско ниско сонце плус дифузна светлина.
Слично се случува со облаците кои се бели, но стануваат црни (темни) или црвени или во други нијанси...

Мене многу ми е сумлива цементара.
Значи да се повторам, се сложувам за загадувањето од загревањето на домовите на дрва, особено што има домови што горат се и сешто, пластики, ги мачкаат дрвата со уље бидејки се сурови и не им горат.

А за решавање на проблемот со загревањето, имам кажано во некој страни уназад во темава чинам (или во другата тема за греење или климатизација), а тоа е план, стратегија на државата да изгради топловодна и гасоводна инсталација. Откако тоа ќе се направи, потоа стратегија за субвенционирање на граганите особено тие што немаат доволно финансиски средства за да се приклучат на тие инсталации. Или субвенционирање за клима уреди.
Паралелно со ова да се изготви стратегија за субвеции за термоизолации.

И да напоменам, со овие субвенции да се опфатат домакинствата што навистина не се во можност да го направат сето ова. Оние што имаат да не се опфатат или пак за нив да биде помало, пример тие што немаат доволно средства за сите овие работи да има субвенција од 50%, за оние што имаат нека биде 20% и така натаму.

Ама ова може само во некој имагинарен свет, овој предлог е премногу за интелегенцијата на нашите политичари.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3951 на: 12 Декември 2018, 19:00:20 pm »
Еве баш пушам цигара и се гледа димот како иде кон југ и се разложува на уште една висина колку се виаоки оџаците.
А малку во лево се гледа односно не се гледа Арачиново. Таа измаглица ае протега во лево (Север) се до Измеѓу железара и автокоманда

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3952 на: 12 Декември 2018, 19:04:30 pm »
Извини дечко кој чолитичар ти изгледа заинтересиран за нас обичните смртници? Нема да биде, да си направиме нарачка за маски и тоа е. Ако не цементара самостојно, на куп индустријата не верувам дека нема удел, бо сепак тоа нема врска со несовесноста на нас граѓаните. Или па се манипулира т.е. теретот се префрла ба граѓаните. Не може да се продава ќјмур во 21 век за домашна употреба, треба да е со закон забрането и казниво, кој не видел нема представа како чади и мириса, уље гуми може вода да му носат. И такви закони треба да функционираат за сите. А преместувањето на индустрија е неизбежно за чист воздух.
П.с. Мики многу пиеш тутун.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3953 на: 12 Декември 2018, 19:10:21 pm »
Еве баш пушам цигара и се гледа димот како иде кон југ и се разложува на уште една висина колку се виаоки оџаците.
А малку во лево се гледа односно не се гледа Арачиново. Таа измаглица ае протега во лево (Север) се до Измеѓу железара и автокоманда

Еве го постот во кој претходно сум го зборел истото кој сега во претходниот пост го напишав
А со ќумбе да не ги греат сите соби?

Порано, трошевме 10 кубици дрва и плус термо печка, во поладни денови. Само за дневна трпезарија и кујна (една целина)
Со ист буџет грејам дупло, со 1 клима, потоа со парно.
Имам подетално објаснето во тема греење.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6322.msg1057024.html#msg1057024

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6322.msg1058452.html#msg1058452

Епа и тоа е проблем. Не се греат сите соби, се загрева само 20% од целата квадратура, а летаат парите на дрва или струја, а не си стоплен.
Затоа треба убаво да се пристапи кон проблемот да се решава.
Тоа е што јас го замерувам во постовите на Ван.
Јас се согласувам дека треба да се забрани дрвото, но во моментов тоа е невозможно, а ќе биде возможно кога ќе се направи гасификационата инфраструктура, а во меѓувреме да почне да се помага на посиромашните семејства да заменат прозори, да стават колку толку термоизолациона фасада, да се намалат топлинските загуби. Дрвото да поефтини за да се намали горењето на пластика, намештај, ќебиња или што уште не.
Ако едно кумбе на дрва загадува како 1000 автомобили, ондак 1 кумбе што гори пластика место дрва сигурно загадува како 2000 автомобили.
Затоа и велам да поефтинат малку дрвата за да СЕ ГОРАТ САМО ДРВА, А НЕ ПЛАСТИКИ И ЃУБРЕ.

Еве во врска со термоизолациите. До преклани додека ја немавме (имав само од внатре, надворешна не), трошевме по речиси 8 кубика дрва во цела сезона а греевме само 2 соби или 30 квадрати.
Минатата зима потрошивме едвај 5. Три кубици помалце. А ги греевме сите 4 соби, односно 60 квадрати. Ем помалку потрошивме, а повеќе простор загревавме.
На пример во моментов на овие температури само два пати ставаме по 3 дрва. Шест дрва на ден. А температурата стои, не паѓа драстично.
Пред теромоизолацијата по четири пати стававме, порано се палеше, а температурата потоа драстично паѓаше/
Е сега замислете сите семејстава да имаат изолација и секое од тие семејства не само што нема да гори пластика туку само дрва, и ќе гори и помалку дрва.

Од друга страна додека се ова се прави како еден вид на привремена мерка за наредни 2-3 години пример, паралелно да се изведува гасификацијата.
Кога таа ќе се постави, тогаш ајде бујрум носиме закон, нема греење со дрва, еве ви гас.


Јас тоа го зборам.

И Ван, ако го читаш постов, убаво да го прочиташ ако треба и три пати (особено болдираната реченица) за да сфатиш дека сум за исфрлање на дрвото за загревање, но не одма преку ноќ.


Извини дечко кој чолитичар ти изгледа заинтересиран за нас обичните смртници? Нема да биде, да си направиме нарачка за маски и тоа е. Ако не цементара самостојно, на куп индустријата не верувам дека нема удел, бо сепак тоа нема врска со несовесноста на нас граѓаните. Или па се манипулира т.е. теретот се префрла ба граѓаните. Не може да се продава ќјмур во 21 век за домашна употреба, треба да е со закон забрането и казниво, кој не видел нема представа како чади и мириса, уље гуми може вода да му носат. И такви закони треба да функционираат за сите. А преместувањето на индустрија е неизбежно за чист воздух.
П.с. Мики многу пиеш тутун.

Политичарите размислуваат само за профит. Ако нема профит во субвенционирање на домакинствата за да набават клима уреди, за да направат термофасада, нема да ја спроведат оваа стратегија.
Ним им е битно што е можно повеќе да се гради затоа што си лапаат провизии за секоја одлука издадена за градење, или пак нивни блиски пријател и роднини се сопственици на тие фирми, па имаат процент од продадените станови. Плус секој што ќе купи стан автоматски ќе плаќа данок на имот и ете додатен прилив на средства во буџетот. Ете тоа ги интересира.
Ако сакаме да спречиме додатно загадување, мора да се каже стоп и на урбаната мафија.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3954 на: 12 Декември 2018, 19:14:19 pm »
Јас размислувам и на друга тема, а тоа е зеленилото, поточно дрвата. Многу од дрвата низ градов се листопадни, што значи зимно време нема никаков ефект од таквите дрва. Нели е паметно да почнеме сите такви листопадни дрва да ги заменуваме со зимзелени ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44961
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3955 на: 12 Декември 2018, 20:03:32 pm »
После да не се отарасиме од смола по колине...
"Усје“ веројатно е еден од најчистите димови што ги гледаме. Заедно со топланата/електраната ТЕ-ТО во керамидница.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3956 на: 12 Декември 2018, 20:07:13 pm »
Топланата секое утро ја гледам, не прави ваков смог. Штознам....
А за дрвата, побитно е да добиваме повеќе кислород од нив (кој сега го губиме заради листопадните дрва) или да им се грижиме на колите и нивниот лак ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44961
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3957 на: 12 Декември 2018, 20:09:57 pm »
Листопадните имаат поголема зелена маса од иглолисните. И тоа далеку. Нивната улога на создавање кислород на годишно ниво е далеку поголема од иглолисните. Во урбаните средини се садат разновидни дрвја, сети се во градинка, гарант си имал и бреза и липа и бор  :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3958 на: 12 Декември 2018, 20:20:22 pm »
Тоа е точно дека имаат поголеми листови и повеќе даваат кислород, но преку зима тие 4 месеци ? Нека биде на преку едно дрво, едно листопадно, па следно зимзелено, па пак листопадно...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3959 на: 12 Декември 2018, 20:37:11 pm »
Gleas pameten si bil, ne znam zasto uopste se nadevas deka nekoj politicar kje prevzeme nesto...