Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 745447 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3345
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3750 на: 12 Ноември 2018, 09:29:16 am »
Или јас нешто сум јанлаш?

Што и да кажеш, ќе бидеш јанлаш. Не е тоа тема за размислување за обичните смртници.

Па затоа прашав, не бев сигурен.

Има нагуглани момци тука, ќе дадат мислење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3751 на: 12 Ноември 2018, 09:41:14 am »
Штом имаш термофасада, ти Фило си печен за една клима. Пошто на гасификација реално не се надевам (сите ја ветуваат никој не ја спроведува), кога некогаш ќе ставиш клима - ќе си викаш како порано не си ставил. Да не се мачиш со цепење, ложење дрва, со чистење и со оџаци, да нема големи варијации топло ладно туку само топло... И на крај пак поевтино да биде, можеби и повеќе од дупло поевтино.

Првин прозори да ги сменам, потоа клима, парно, што и да е.
Провери ги духтунзите и лепенките и на надворешните и на внатрешните. И ако имаш ролетни и слични дупки сето тоа со силикон.  И да си ставал лани може да дотрајале некаде или да се откачиле. 70 денари е акрилен силикон, пиштол 250 денари квалитетен. Траките околу 100 денари знаеш тоа. Задихтувај го секое можно дупче, а ако не отварате некој прозорец зимно време или е посебно лош прозорец - запечати го со силикон за зимава.

П.С. со свеќа лесно се детектира каде дува, ако поминеш покрај дупките пламенчето ќе заигра.

« Последно менување: 12 Ноември 2018, 09:46:15 am Deni »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3752 на: 12 Ноември 2018, 16:56:40 pm »
Сега ги правев со силикон. Лани само гума на внатрешните крила поставив. Сега пред една недела поставив гума и на надворешните крила, плус со силикон сите крила ги поминав и задихтував помеѓу стаклото и дрвото.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3753 на: 12 Ноември 2018, 16:56:42 pm »
Уште една мерка за намалување на загадувањето
https://www.alsat-m.tv/mk/поскапува-градскиот-превоз/?fbclid=IwAR0VgQnLPHWAvrkCZHFMNkFtzEaXnfndWmVzFnMWNh3UJ67DlWo2BqTj1BA



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3756 на: 12 Ноември 2018, 17:35:41 pm »
Ако надворешните си ги направил како што треба ефектот ќе е фантастичен. Многу подобро од само внатрешните како лани. Зошто тие се главниот удар. Ако се добро задихтувани ќе направат брана за ладниот воздух, и тој воздух меѓу двата прозора нема да има каде да се движи. И ќе игра улога на изолатор (како што и треба.)
Сега ги правев со силикон. Лани само гума на внатрешните крила поставив. Сега пред една недела поставив гума и на надворешните крила, плус со силикон сите крила ги поминав и задихтував помеѓу стаклото и дрвото.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3757 на: 12 Ноември 2018, 17:38:50 pm »
Комплетно задихтувани со гума и надворешни и внатрешни крила, и со силиконот исто така и надворешните и внатрешните крила. На оние крила каде што китот беше лабав и лесно се вадеше, го извадив и со силикон. На оние крила каде што китот беше само распукан, но сеуште цврст, поминував врз китот и силиконот се пикаше измеѓу пукнатините.
Ќе видиме ова зимо како ќе биде иако и минатата зима очигледна беше разликата.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3758 на: 12 Ноември 2018, 17:48:46 pm »
Сега пази да не се угушиш ;D
И никако грав јадење ;D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3759 на: 12 Ноември 2018, 18:05:40 pm »
Само што се вратив од Битола,од Битола за Прилеп имаше едно 6-7 намерно запалени тревни површини,лево и десно од патот се до Тополчани.Како во магла да возиш,смрде не се дише.


П.С Дно-дна држава,дно-дна одлуки,дно-дна народ.Не сме ние народ и не сме за држава да водиме,за нас една атомска и едно да се знае.

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6295
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3760 на: 12 Ноември 2018, 18:13:37 pm »
Секој ден е така, пола пат со клима и воздух затворен го возам до Прилеп
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3762 на: 12 Ноември 2018, 18:19:51 pm »
Ако е ново од МК.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3763 на: 12 Ноември 2018, 18:19:59 pm »
Ако купиш ново електрично возило тука во Македонија, да. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3764 на: 12 Ноември 2018, 18:26:08 pm »
@AUDI

Грешката е што ја поскапеа нафтата односно не ја реализираа мерката зелена нафта.

И со субвенциите за електрични возила се бламираат. Свесни се дека тие возила се скапи, недостапни, со никаква логистика. Втората мерка субвенционирање на плински уреди исто нема никаква логика затоа што 90% од бензинците се на плин. Во дадениов момент идеална субвенција би било за купувуње на нов автомобил со ниска емисија на гасови.