Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 745511 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3735 на: 11 Ноември 2018, 20:33:07 pm »
А со ќумбе да не ги греат сите соби?

Порано, трошевме 10 кубици дрва и плус термо печка, во поладни денови. Само за дневна трпезарија и кујна (една целина)
Со ист буџет грејам дупло, со 1 клима, потоа со парно.
Имам подетално објаснето во тема греење.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6322.msg1057024.html#msg1057024

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6322.msg1058452.html#msg1058452

Епа и тоа е проблем. Не се греат сите соби, се загрева само 20% од целата квадратура, а летаат парите на дрва или струја, а не си стоплен.
Затоа треба убаво да се пристапи кон проблемот да се решава.
Тоа е што јас го замерувам во постовите на Ван.
Јас се согласувам дека треба да се забрани дрвото, но во моментов тоа е невозможно, а ќе биде возможно кога ќе се направи гасификационата инфраструктура, а во меѓувреме да почне да се помага на посиромашните семејства да заменат прозори, да стават колку толку термоизолациона фасада, да се намалат топлинските загуби. Дрвото да поефтини за да се намали горењето на пластика, намештај, ќебиња или што уште не.
Ако едно кумбе на дрва загадува како 1000 автомобили, ондак 1 кумбе што гори пластика место дрва сигурно загадува како 2000 автомобили.
Затоа и велам да поефтинат малку дрвата за да СЕ ГОРАТ САМО ДРВА, А НЕ ПЛАСТИКИ И ЃУБРЕ.

Еве во врска со термоизолациите. До преклани додека ја немавме (имав само од внатре, надворешна не), трошевме по речиси 8 кубика дрва во цела сезона а греевме само 2 соби или 30 квадрати.
Минатата зима потрошивме едвај 5. Три кубици помалце. А ги греевме сите 4 соби, односно 60 квадрати. Ем помалку потрошивме, а повеќе простор загревавме.
На пример во моментов на овие температури само два пати ставаме по 3 дрва. Шест дрва на ден. А температурата стои, не паѓа драстично.
Пред теромоизолацијата по четири пати стававме, порано се палеше, а температурата потоа драстично паѓаше/
Е сега замислете сите семејстава да имаат изолација и секое од тие семејства не само што нема да гори пластика туку само дрва, и ќе гори и помалку дрва.

Од друга страна додека се ова се прави како еден вид на привремена мерка за наредни 2-3 години пример, паралелно да се изведува гасификацијата.
Кога таа ќе се постави, тогаш ајде бујрум носиме закон, нема греење со дрва, еве ви гас.


Јас тоа го зборам.

И Ван, ако го читаш постов, убаво да го прочиташ ако треба и три пати (особено болдираната реченица) за да сфатиш дека сум за исфрлање на дрвото за загревање, но не одма преку ноќ.
« Последно менување: 11 Ноември 2018, 20:38:30 pm FiLo »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3736 на: 11 Ноември 2018, 22:29:14 pm »
Штом имаш термофасада, ти Фило си печен за една клима. Пошто на гасификација реално не се надевам (сите ја ветуваат никој не ја спроведува), кога некогаш ќе ставиш клима - ќе си викаш како порано не си ставил. Да не се мачиш со цепење, ложење дрва, со чистење и со оџаци, да нема големи варијации топло ладно туку само топло... И на крај пак поевтино да биде, можеби и повеќе од дупло поевтино.

Инаку на дрвата цената не им ја одредува државата. Затоа и не може (државата) да наложува дрвата да поевтинат.
Но како што државата ете воведува регулирање на „еко-налепници“ за аута, по иста логика би требало да регулира и нешто слично и со ќумбињата. Сме збореле на форумов за печки на дрва со високоефикасно согорување (над 95% согорување), ете на таквите нека им даваат зелени налепници. На обичните глупи ќумбиња со под 60% согорување на дрвата, црвени налепници. И кога е високо загадувањето да не смее да се палат тие ќумбиња како што нема да смеат да се возат „црвените“ возила. Може така? Или за возилата може, ама за ќумбињата не може?

Еве што најдов за емисиите на честички според еуро стандардите:
https://en.wikipedia.org/wiki/European_emission_standards
Еуро 3 (жолта налепница) е деклариран со максимално дозволени 0.05 g/km
Еуро 2 (црвена налепница) е деклариран со максимално дозволени 0.08 g/km

Колку возите низ град дневно, може да пресметуваме со просек од 30 километри?
Ќе го земам максимално дозволеното испуштање на ппм како бројка со која ќе работам, иако во пракса е помало.
Еуро 3 (жолта налепница), за 30 километри ќе загади со 1,5 грама ппм честички (0.05х30=1.5)
Еуро 2 (црвена налепница), за 30 километри ќе загади со 2,4 грама ппм честички (0.08х30=1.5)
Реалните бројки се помалку, ама ете нека биде најлошто сценарио (за возилата). И бројкиве се за дизел, ете најцрното од црните сценарија - чисто за да видите колкави се димензиите на моментов (колку повеќе загадуваат ќумбињата).

Истовремено едно просечно ќумбе просечно испушта 150 грама ппм честички за само 4 саати горење. Еј, цели 150 ебани грами, и за само 4 саати а што правиме во најладното кога ќумбињава се горат по цел ден и добар дел од ноќта?

Епа другари, не случајно најзагадено е кога е најладно. Едно ќумбе за цел ден ќе загади колку илјадници автомобили. А во Скопскава котлина имаме повеќе стотици илјади ќумбиња. Затоа дај не ме јебите за 0.9 грам што моето еуро 2 ауто го испушта повеќе од еуро 3 ауто на кое нема да му се забранува вожња. Да живееме во место со чист воздух, мене самиот ќе ме јаде јанѕа да не загадувам. Ама во услови каде се е испострано од загадување мојот нецел грам повеќе не прави никаква разлика. Работава е како да не мочаш во канализација, за да не ја загадиш.

Всушност колку еуро 2 (и испод) возила се возат во Скопје? Има некои статистики?
100 илјади сигурно не се такви аута во градот. Епа само 100 ќумбиња да се заменат со 100 клима уреди и ете ви го анулирано целото загадување од еуро 2 (и испод) возилата...




... само што правиме со другите стотици илјади ќумбиња во котлинава?
Затоа загадувањето е тука за да остане, па дури и ако клептократите на власт не натераат сите да купиме од најновиот модел на Тесла

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3737 на: 11 Ноември 2018, 22:40:05 pm »
Лани, ќе воведуваа пар, непар. Гледам, и двете коли Еуро 5 и 6, непар. Гледам на татко ми колата Еуро 0, пар.

Се насмеав горчливо.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3738 на: 11 Ноември 2018, 22:41:35 pm »
Па нема и дрва веќе,планините се соголени околу мене.


Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3739 на: 11 Ноември 2018, 22:42:07 pm »
Штом имаш термофасада, ти Фило си печен за една клима. Пошто на гасификација реално не се надевам (сите ја ветуваат никој не ја спроведува), кога некогаш ќе ставиш клима - ќе си викаш како порано не си ставил. Да не се мачиш со цепење, ложење дрва, со чистење и со оџаци, да нема големи варијации топло ладно туку само топло... И на крај пак поевтино да биде, можеби и повеќе од дупло поевтино.

Првин прозори да ги сменам, потоа клима, парно, што и да е.

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3740 на: 11 Ноември 2018, 22:53:21 pm »
Дека треба регулирање на стариве коли треба. Мислам дека треба и повисока регистрација да плаќаат. И сите тие што видливо димаат црн чад и слободно си се возат низ Скопје.
Па направи ја бе мајку му стара. Не е морално да загадуваш како една фабрика да му се невиди


навистина денес нна ндамо така ќе се натераат да ги сменат своите стари автомобили

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7665
  • French diamond
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3741 на: 11 Ноември 2018, 23:06:04 pm »
А наместо тоа, да намалат со крадење и да зголемат платите, па секој да си купи понова кола без да го тераат не еподобро ? Не бива од ова држава, од поодамна е докажано.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3742 на: 11 Ноември 2018, 23:15:55 pm »
Епа за тие у фотељите нема казни.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3743 на: 11 Ноември 2018, 23:20:59 pm »
Ќе треба да се воведе некој тип на сигнализација кој кај не смее да вози. Знаејќи како функционираме калакурница ќе биде..

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2014
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3744 на: 11 Ноември 2018, 23:32:45 pm »
Еве што прави дизелот :)

Шала на страна, мило ми е што оваа зима нема да бидам во Скопје.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3745 на: 12 Ноември 2018, 01:48:31 am »
Дека треба регулирање на стариве коли треба. Мислам дека треба и повисока регистрација да плаќаат. И сите тие што видливо димаат црн чад и слободно си се возат низ Скопје.
Па направи ја бе мајку му стара. Не е морално да загадуваш како една фабрика да му се невиди


навистина денес нна ндамо така ќе се натераат да ги сменат своите стари автомобили

Тие што пуштаат црн чад имаат неисправни автомобили. Друго е тоа. Tреба регулирање на неисправни автомобили, тие автомобили не смее да поминат технички преглед. Стар автомобил може да биде и добро одржуван исправен автомобил. Исто како што и некое релативно поново ауто може да биде крш, и да дими како локомотива. Меѓу Еуро 3 и Еуро 2 Дизел, односно помеѓу забрана за возење или слободно возење, разликата е 0.03 грама ппм на извозен километар - имаш ли претстава колку ништожно малку е тоа, посебно кога ќе погледаш отспротива во оџакот на соседот кој чади илјадници пати повеќе отрови? Или циганот што запалил куп гуми и акумулатори?

Муабетот е дека не може овде да копираме европски Еуро стандарди за емисии на честички, а истовремено да игнорираме како таму се справуваат со загадувањето од ќумбиња и горење дрва, или со индустриското загадување. Ништо нема да направиме, и ќе продолжиме да се гушиме во загадувањето. Затоа што не правиме притисок на тие што се на власт, навистина да го решат проблемот наместо само да глумат дека нешто прават.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3746 на: 12 Ноември 2018, 02:08:20 am »
van, kolkua fabriki bi se zatvorile, kolku lugje bi ostanale doma. Porano fabrikite bile nadvor od gradot, ama sega gradot pojde kaj fabrikite, se prosiri i toa e.
Lisice od poodamna e zagadeno, prasaj nekoj shto zivee tamo 50 god kje ti kaze, ama nemalo net togas :)
sega kje ne obelezat nas siromasive so crveno...:)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3345
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3747 на: 12 Ноември 2018, 02:39:07 am »
Чекајте малку другари...

Како поминале технички тие што димат, и тие со пониски еко норми од ЕУРО 2 на технички.

Немаше некој закон дека неможе да се регистрираат возилата што имаат ниски еко норми под Еуро 3?

Или јас нешто сум јанлаш?


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3748 на: 12 Ноември 2018, 07:27:42 am »
Toa e за увоз.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3749 на: 12 Ноември 2018, 08:36:29 am »
Или јас нешто сум јанлаш?

Што и да кажеш, ќе бидеш јанлаш. Не е тоа тема за размислување за обичните смртници.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.