Катната гаража Солунски конгрес во Центар ( онаа првата автоматизирана) ме кошташе едвај 100-120 денари за период од 21:30 до после 01:30..што е прифатлива цена ако сакаш да паркираш во Центар на градот на неколку часа без да му ја мислиш. Проблем е ако мораш да паркираш секој ден.
Од друга страна обичен паркинг кај Интермецо/Воденица ме репна исто толку, а сум во Капиштец и се задржав помалку.
Инаку реално гаражата е говно, нема човек стапнато да очисти откако е отворена ( слично како мојава), а и лифтот во кој колата ја оставаш е претесен. Вероватно оние со Q7 низ гепек искачаат.
Све е тоа однадвор само исфасадирано, а одвнатре крокодили шетаат.