Интересно би било да се види некоја статистика (Скопје) за потрошена ел. енергија во Октомври во однос на Септември.
Имам впечаток дека добар дел од монтираните клими служат за декорација, но затоа се пали ќумбето...
Што ќе видиш од клима потрошња... 100w и е просек на саат ова време.
Доколку се користат клими, на ниво на Скопје 100w по домаќинство ќе покаже зголемена потрошувачка за месецов во однос на претходниот, кога не се греело.
Ќе ги потврди моите сомнежи дека тие што се греат на дрва а имаат и клима, сепак палат ќумбе периодов.
Нивната логика е следна:
Сум купил дрва, и сега при дрва да трошам и плаќам струја? Со неколку цепаници наутро и навечер поевтино ќе поминам.
Така, климата им стои на ѕид неискористена, заштедуваат неколку kw дневно, трошат двојно повеќе со тие неколку цепаници, и во исто време загадуваат.
Но дали статистичките податоци ќе бидат искористени во вистинска насока е друго прашање. Нормално, доколку ги има и доколку има некој да ги обработи
