Гасификацијата не е возможна во целост во град како Скопје и нема да го реши проблемот ниту половина.
Зошто не?
Ако секаде во Македонија има цевки за вода, зошто да не може секаде да има и цевки за природен гас? Цевките се ракетна технологија? Квантна механика да не е поставувањето цевки во земја, па затоа „не можеме“ да направиме инсталација? На крају краева ако демек „не знаеме како“, ете ти ја таа руската фирма што го гради делот од гасоводот во МКД, ним нека им платат - ќе си ја завршат работата како што треба. Искуство имаат и повеќе од доволно.
Ако цела Европа е на гас, а имаат рудници за јаглен и повеќе од доволно, тогаш зошто потребите од енергија ги задоволуваат со користење природен гас? Како тоа природниот гас е еколошко решение за енергија СЕКАДЕ, ама ОВДЕ во Скопје немало да го реши проблемот со загадувањето?
Не заборавај и дека на реалноста и треба најмалце 5 години да донесе плин до дома,а со нашава реалност можеби и 10.
Ако гасификацијата никогаш не се почне, никогаш нема да се заврши. 5 години чекање, па и 10, се подобри од никогаш. Иако реално повеќе од 2-3 години не би смеело да трае за гасификација на поголемиот дел од градот. Сепак зборуваме за поставување цевки во земја, не за градење свемирска станица.
А ветено беше, ете ти го на јутјуб Шилегов како ветува дека ќе спроведе гасификација ако го изберат за градоначелник. Епа го избраа, ама од гасификација нема ни долгорочни планови, само некои оправдувања за недоквакани.
А најреално во МК е дека гас до домаќинствата нема никад да се донесе,нит обновливи извори на енергија ќе се стимулираат во толкава мерка за да некој инвестира,нит ќе имаме чист воздух у наредни 10 години.
Со ваква глупа раја како овдешнава (која не знае како да си ги бара правата, макар еднаш во 4 години), и со вакви дефетистички погледи на светот, се плашам дека најверојатно си во право.