Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 660518 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3225 на: 02 Јануари 2018, 09:13:15 am »
Вонземјани, да се селиме на друга планета и тие со бугарски пасош да не ги примаат :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3226 на: 02 Јануари 2018, 09:16:23 am »
Нека донесат закон да се забрани греење на дрва во градовите и проблемот е решен. Ќе има некои јаки во прво време, ќе им го изгорат газот и ќе послужат за пример на другите. Кубик дрва 100еур, па бујрум кој сака нека си купи. Тоа “тогаш нека не трујат” не ебе последниве 27год од кога сме (не)зависни, не може лесно да се попушта на се, затоа и без држава останавме и секој прави што сака. Формулата е многу лесна, ама дека демократија ќе звучи многу грдо кај меѓународната, бејли мејли не ни гледам вести па да ги знам. Има стан у скопје не работи сака помош сака не знам што, ок, станот на продажба, 50к е минималниот стан у скопје, секако сите се од село таму дојдени, со парите од станот назад во село, ќе си купи куќа нива трактор свинчиња крава кози кокошки и ќе има за живот и нема да чека од државата. Е сеа ако бејли рече дека не е фер му се скратува правото да бира каде живее тогаш ќе треба да ја свиткаме кичмата и сите ние да си купуваме џамови а тие да ги добиваат гратис. Потоа кога ќе се научат да добиваат се гратис оди натерај ги да работат. Скопје тоне во ѓубре, плаќа шилегов на фирма 130к еур да чисти (кур мој чисти) а на биро висат армија од луѓе кои што користат бесплатно здравство и други бенифиции. Ги собираат сите метлата и нека мава за доброто на градот и да си го извади здравственото. Им дава во знак на добра воља едно јадење и скопје за еден месец ќе свети. Тој што до вчера фрлал кај сака денес ќе се замисли затоа што утре ќе треба тој да чисти и свеста кај луѓето се формира. Има уште многу други решенија кои ќе звучат лошо ама барем ќе функционираат.


Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3227 на: 02 Јануари 2018, 09:33:36 am »
Не сме ние менталитет на кој треба да му се помага, за некои работи се сложувам со Марјан. Таа идеологија од Титовреме го испусте народот, то ест докажа што народ живее на поднебјево наше насушено. Ако некој сети дека можи да живее на товар на друг, готово е, нема работа од него. Еден куп работоспособни челадиња просат по улици затоа што не му се работи во три смени во индудтриските зони, затоа што со нивното флексибилно време и нивната флексибилна зона на делување си ја вадат дневницата што некој ја вади на линија во три смени...

Имам вујко во Австралија што замина пред многу години. Прилично мрзлив човек и се снајде во Австралија... да живее на товарот на државата, под кирија, државата плаќа, лежи лебу да те јадам, одморен, дотеран, прошетан. Тоа е тој менталитет, а брат му негов, исто во Австралија, се отепа од работење за да постигни нешто за пристоен живот за него и за децата (машала 4 ги има), ни одморен, ни прошетан... па ни дотеран :)
Тиквар народ сме, мрзлив, забушант, преварант. Ќе ти најдат работа некаде преку партија, ќе ти дадат плата и кога ќе дојди ред да сработиш нешто, кога ќе ти кажат што да работиш тие што веќе 30 години работат во фирмата ти му враќаш:
- Шо? Од партија сум јас, не сум тука за работење... (пример од моето блиско опкружување).

И ќе работиме јас и татка со машињето за да напрајме фасада и џамој да клајме за со инвертер да се грејме, за почист воздух и некоја мрза од горенаведените ќе ми го диши писле воздухот за џабе.

Мојата фамилија е земјоделска. Далеку од богати, ама далеку и од просјаци. Познавам такви кои искрено леб немаат за јадење, ама не се понижаваат тие да поработат аргатлок за 120 денари на час, затоа што под чест им е. Им дувало, им студело после дома...

Некогаш ми е грев, ама некогаш ми е гнев.

Проблемот е што со такви треба да го делиме воздухот, товар на општеството.

Нејсе, муабетот е за воздухот... за сега додека стујата е сеуште евтина, многу добра ствар е инвертер, ама си бара изолација, дограма... ама има ефект секоја чест.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3228 на: 02 Јануари 2018, 09:41:59 am »
Прва фаза е носење плин до секоја куќа.
Втора фаза е, секој што има плин до куќа, да му се забрани да користи цврсти горива за греење.
Значи утре ако го донесат плинот, а задутре забранат користење дрва за огрев, проблемот ќе се реши во два дена од донесување на плин до секој дом.

Прва фаза поракиве во друга тема

Втора фаза социјална помош за загрозените кои во зима мора да имаат избор да се грејат за да преживеат а тоа да не биде горење дрва или се што може да се запали во печка за дрва и јаглен.

Трета фаза гасификација.

Четврта фаза, забрана за горење било што за загревње на домови.

Петта фаза, заштита на шумите и дрвата на природни локации ресурси. Дрва да се произведуваат и сечат само на ограничена територија.

Шеста фаза, веројатно експлозии.


Седма фаза - вонземјани

Ајде да проштаме тука низ населба каде што работам Рузвелтова - Тафталиџе. Ќе прошетаме позади улициве да видиме колку куќи чадат. После ќе отвриме огласник за да видиме колку чини куќа со двор во истиов реон.

Не може некој кој има капитал во недвижнини од 150000 - 200000 евра да се декларира дека нема пари да се грее на греење кое не загадува. Скапо му било парно за индивидуална куќа! Епа кога крадено дрво е 1000 мкд за кубик нема поисплатливо греење.

Евтиното дрво не е социјална мерка. Таа подеднакво е искористлива од оние што имаат и од оние што немаат пари.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3229 на: 02 Јануари 2018, 09:51:14 am »
Прохибиција не функционира. Гледаме и самите. Поентата е да се подбутне народот попаметно да размислува. Ако забраниш дрва или ги качиш ќе се појават диви препродавачи. Ама јас мислам дека може да се отпочне општински да се решава тоа. Центар како најмала општина по површина може одма да забрани горење дрвеќе и чад. И онака има многу малку што користат. Како пример дека ете субвенција за инвертери од Март натака и нема веќе горење. Па после ќе следи Карпош и Аеродром како поголеми населби ама најпрогресивни, па после се друго. И казнички џглап.

Оваа зима многу изгубија оние што не се греат на инвертери зошто ќе си ги исплатеа за само една сезона. Зимава се погоди совршена за греење на SCOP над 5.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3230 на: 02 Јануари 2018, 09:57:16 am »
Дени, како некој ќе гори дрва ако се забранети, на кого дивиов препродавач ќе го продаде, ами нели чад се гледа? Од тоа 500ден поевтино да е Македонија без дрва остана, се е голи ридови, после ќе се чудиме како дојдовме на ова дереџе, ко да се случило преку ноќ, а не години наназад пред наши очи.


Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3231 на: 02 Јануари 2018, 10:01:52 am »
Абе не зезај во Центар ќе пратиш инспекција, ај. Карпош, Аеродром ај... Во Зелениково ќе пратиш? Во Пуста Брезница ќе пратиш? Грчец? Не зезај сеа. Може, ама само локално.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3232 на: 02 Јануари 2018, 11:19:15 am »
Да се затвори Македонски шуми , тие 2-3000 вработени шо ги е*аш ќе живеат на дрва, наместо за горење ќе  му ги дајме да ги јадат дрвата. Убав бајрам си прајте на умот.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3233 на: 02 Јануари 2018, 12:14:31 pm »
Се дупнаа од работа, гледам се зелено е, пошумено, нема дива сеча, животни по шумите колку сакаш, просто шведска да ни позавиди.


Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3234 на: 02 Јануари 2018, 12:20:23 pm »
Па во глобала сите во државава се куротресини ако загледаме попрецизно :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3235 на: 02 Јануари 2018, 13:23:33 pm »
Мислам дека треба да ја рипнеме ние гасификацијата.Плинот како енергенс не е веќе толку ефтин,да се направи инфраструктурата ќе требаат најмалку 5 години,а до тогаш технологијата за добивање струја од обновливи извори на енергија,на пример фотоволтаиците ќе бидат уште поефтини отколку денеска.Дополнително,веднаш се монтираат и што би се рекло од утре може да се користат благодетите.Дополнително,нова изолација и прозорци и врати да сменат сите,за 1-2 години би требало да станеме баш еко земја во пракса.Макар и 1 миљарда за ова се потрошиле,мислам дека вреди.Е ако се направи ова,во цела држава,ќе останат само индустријата,отпадите,депониите и сообраќајот како загадувачи,а дали тоа некој го сака така да биде,мислам дека не.
Дап, баш така. Нема веќе логика домаќинско гасифицирање кога имаме инвертери. И онака се поефикасни од гас во однос на CO2 и Париски договор. Само за греењето е целиов муабет на крај на краиштата.

Се надевам дека сега ќе се оди на бајаги повеќе профити од струја во претстојниве години, па веројатно е и да никнат некои фотоволтаички електрани во источниот дел на МК. Ништо повеќе не е потребно. Се е тука и се е локално достапно. Веќе сите одат на обновнливи извори, а ние сме на совршена положба за да го искористиме тоа совршено. Може и да дојде Тетка Сем (еу) и наместо во Мароко да шибоса една соларка по нививе поголема од Мароканската.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Глупости. Проблемот е што размислувате на лично ниво (на поединец). Да, за поединец греење со инвертор е најисплатливо... Но ајде сега наместо како поединец, размислувајте како ДРЖАВА. Размислувајте од гледна точка на цела една држава, и разберете сами колкава глупост е да предложиш инвертори како решение за енергетските потреби на цела една држава. Енергетските потреби не се само греење, туку и милион други намени и потреби.

Истото важи и за фотоволтаиците, и за БИЛО КОЈ ДРУГ извор на обновлива енергија. Едноставно не е можно во денешно време (и во догледно време) тие обновливи извори да ги задоволат потребите на цела една држава.


Знаете кој е лидер во светот, во користење на енергија од обновливи извори?
- Германија е.

Знаете колку од од германските потреби за енергија се задоволуваат од обновливи извори?
- Eбано-ништожни 13% од годишната потреба за енергија. Тој податок се однесува на 2017-та, за една од најбогатите држави во Европа, и после децении вложување во секторот за обновливи извори (со суми од пари кои ние овде не можеми ни да ги замислиме).


Затоа спуштете се малку на земјата, и разберете дека не за џабе цела Европа (и цел развиен свет) е на природен гас. Разберете зошто повеќето војни денес се водат за природен гас (покрај нафтата). И разберете зошто и нас овде НИ ТРЕБА природен гас.




Обновливи извори се иднина, ама сеуште далечна иднина. Нам ни треба ЧИСТ извор на енергија, и ни треба СЕГА, а нема почист извор на енергија од гасот. Дури и нафтата, е подобра од јаглен и биомаса, гледано од аспект на загадување.

Најпосле еве ја реалноста за обновливите извори, фактите зборуваат сами за себе. Најсмешно е што „обновливи извори“ во најголем дел се од ГОРЕЊЕ биомаса:
https://www.cleanenergywire.org/factsheets/germanys-energy-consumption-and-power-mix-charts


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3236 на: 02 Јануари 2018, 13:40:19 pm »
Домаќинско гасифицирање пишав. А тоа значи по куќи и станови. И тоа нема логика откога има инвертори зошто тие работат со COP3 или повеќе на нашава клима. Се милијарда пати посигурни отколку гасифицирање на станови и куќи, поготово за вакво население.

Гасифицирањето е во ред за големи објекти кои имаат свое одржување и електрани и слично. Секако дека е во ред, нема на што друго да работат тие инвертери за греење, печки за топење. Ама согласно нашиот вицепремиер многу е логично да се оди на фотоволтаици како држава (мислам нели...) Но тоа не е домаќинско гасифициране туку комерцијално или индустриско, кое е веќе почнато и надвор од доменот на дискусија.

Никаков проблем не е да се гасифиираар 500 големи објекти на убави локации. Огромен проблем е да се гасифицираат 200.000 домаќинства во збиен град. И нелогично веќе откога има инвертери.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3237 на: 02 Јануари 2018, 13:55:55 pm »
Поставување на инсталација од ЦЕВКИ е одамна апосолвиран проблем. Не е „огромен проблем“. Ионака улициве и тротоарите повторно и повторно ги раскопуваат секоја година. Инверторите никогаш нема да бидат сеопфатно решение, затоа што никогаш нема да може да се регулира и изврши поставување на инвертори во СИТЕ домови.

Само со целосна гасификација може државата да забрани горење на дрва. Изведуваат гасификација, и носат забрана за горење дрва: После е индивидуален изборот дали некој ќе се грее со инвертор, или на гас, или на нешто трето. Но гас мора да биде понуден и достапен за сите. Сетете се и дека енергија треба и за греење вода, готвење, итн во многу примени во кои користење мали топлотни пумпи (клими), не е практично или не е возможно.


А за фотоволтаиците, дајте конечно спуштете се назад на земјата. Па нели прочита? Еден пост над твојот имаш податок дека во една ултра-развиена Германија, фотоволтаиците даваат ништожни 1.3% (од годишните потреби на државата). Во Германија всушност не инвестираат во фотоволтаици затоа што е исплатливо, туку пошто имаат милиони гласачи кои го бараат тоа.
А ние овде и тие мали 1.3% нема да ги достигнеме НИКОГАШ.

Еве и на Германски, кој сака да чита:
https://ag-energiebilanzen.de/6-0-Primaerenergieverbrauch.html

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3238 на: 02 Јануари 2018, 14:27:46 pm »
Еве и други линкови за соларна енергија
https://en.wikipedia.org/wiki/Solar_power_by_country
Тука вика за Германија од 6.2-6.7 %, што е мала бројка,но на линков http://planetsave.com/2012/03/06/top-6-countries-using-solar-energy/
вика дека планираат до 2050 комплетно енергија да добиваат од обновливи извори на енергија (не само фотофолтаици,јасно е тоа).
Така да натаму се движи светот,и не би требало да касниме и ние туку да рипнеме некој чекор,како на пример гасификацијата на домаќинствата.
Што се однесува за социјалниот момент,со правилни политики, ќар,те бенефит од субвенционирање,па и од 100 %, може да имаат сите,дури и оние кои веќе вложиле во нови прозорци и врати,нови фасади или живеат во нови згради кои се на градско парно.
Марјан,што мислиш кој го плаќа лечењето по болници и на оние кои не работат и се на терет на оние кои работат?И со ова е исто,само што ќар би имале сите.Состојбата е таква да треба стварно радикални мерки,и огромни државни инвестиции за да се нормализира состојбата,пошто живот тука нема,поготово во поголемиве градови кои се најзагадени.
« Последно менување: 02 Јануари 2018, 14:43:22 pm ficomk »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3239 на: 02 Јануари 2018, 14:35:11 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.