Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Температурна инверзија е природната појава која секоја зима се појавува на многу места како природен феномен. Таа природна појава има клучна улога за огромното воздушно загадување во текот на зимските месеци од годината......
Но има и едно друго прашање. Како би можело таа температурна инверзија да се неутрализира и зимно време воздухот да не биде толку загаден?Наидовме на една многу интересна патентирана иновација уште од 1972ра со која природната појава би се неутрализирала и смогот и загадувањето да се расчистат. ....
Патентот со број US 3666176 A се вика "уред за соларна температурна инверзија" или "Solar temperature inversion device" а целото објаснување е на следниов линк. Во принцип се користат специфично дизајнирани балони во црна боја со димензии 30 метри на 15 метри и меѓусебно растојание од 30 до 60 метри. Балоните се поврзани со површината и се пуштаат до висина токму над маглата а бидејќи се црни ја абсорбираат топлината од сонцето, создавајќи поголема температура во околниот воздух со што се дестабилизира температурната инверзија.Со дестабилизирањето, високите струи на воздухот се спуштаат подолу и ја расчистуваат воздушната маса, отварајќи ја котлината за сончевите зраци кои понатаму го затоплуваат најнискиот воздушен слој. Со тоа температурната инверзија се неутрализира и загадениот воздух излегува од котлината. ....