Инаку страшно е што нема стратегија како да се надмине овој проблем и врз основа на таа стратегија да се направи проект во кој ќе бидат предвидени конкретни мерки (мерка не е црвена, жолта и зелена налепница) и да се оди чекор по чекор, не сум експерт за животна средина ама како капитални работи што треба да се направат мислам дека се следниве:
- со финансиска помош на државата (поради прекин на производство, а и луѓе да не останат на улица) дислокација на Цементара, Железара, Алкалоид, Охис;
- ширење на топлификациона мрежа, пред се према Лисиче, К.Вода, Карпош и Ѓорче Петров, со субвенции за домаќинствата за приклучоци (да се баталат дрва и отпад од дрва како огревно средство);
- гасификација на сите големи објекти, како и изградба на секундарна и терцијална мрежа (до домаќинства) субвенционирано од државата;
- субвенција за откуп од страна на државата на возила без еуро и со еуро 1 стандард;
- субвенција за плински уреди за коли (тоа нешто го планираа претходните, а и овие сега го планираат, па ќе видиме).
За да се додвориме на некои фактори од меѓународната, се откажавме од Турски тек, а ќе добиевме годишно чисти (100-150 мил евра само што ќе поминуваше трасата на наша територија) и плус повластена цена на гасот, ТЕЦ НЕготино ќе беше на гас, ќе имавме одлични предуслови за гасификација на цела земја ама најбитно ќе имавме повластена цена на гасот. И сега гледај глупа, полтронска и шупачка логика на политичарите (кешантите), имало негативно руско влијание, ебати шупците, па од каде на друго место да земеме гас, од Америка? Германија му покажа среден прст на Трамп и се договори со Русија за Северен тек, секој си гледа свој државен интерес само нашите потплатени дибеци (кои со државни пари стипендираат деца на странски универзитети а во истото место имаат станови) сакаат да се додворат на факторот што ги држи на власт за да можат мамето да ни го доебат до крај. Така јако не издупија за Турски тек, кој што сега ќе продолжи од Грција, преку Бугарија и Србија до Унгарија а ние ќе се браниме од штетното руско влијание и ќе се отруеме. Како што се правеа политички поени за кинеските кредити за автопатишта (Штип - Скопје и Кичево - Охрид), а никој не кажува дека беа со убедливо најниска камата, за разлика од ММФ, Светска банка или ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) за кои само камата не може да исплатиш, па трасата била утната, криминал и оп Анекс за плус 200 милиони......стратешки грешки