Ботас после првиот пит стоп пред да се деси вториот кобен пит стоп за двајцата, имаше некаде 9 секунди разлика од Расел. После неколку круга започна да се намалува и стигна до кај 4ипол секунди и тука почна сејфти кар и сите гомнарии што им ги направија на двајцата во пит стоп. Доколку им ги ставија точните пневматици и на двајцата скоро сигурен сум дека Ботас ќе го поминеше Расел и ќе беше прв, али јебига, се дешаваат грешки.
Хаха, колку си во заблуда.
Прво, Расел а и било кој друг кога ќе излези од боксот со нови гуми, вози неколку брзи кругови и потоа си легнува на некое темпо, пошто нови гуми и да го покрие тој зад него, пред него, Расел направе 9 секунди разлика и се стабилизира. Во меѓувреме тој имаше и проблеми со моќноста на моторот, ама арно се реше тоа, па потоа откако Ботас влезе во питот исто така направе неколку брзи кругови и ја намале разликата на 4.5 секунди како што памтам.
Следно, драма!
Ботас влезе во 48 круг за хард и ја заврше трката на истите а во боксот џабе влезе. Строл исто така заврше на хард а смена неколку круга пред Ботас.
Ботас е зад Строл после рестартот заради пит драмата. И што направе Ботас тука?
Ајде Расел го престигна дека ете со медиум гуми, за потоа пак да вози зад Строл и Саинц на радио да вика „Што прави овој?“.
Го кочеше Саинц кој можеше да го престигни Строл додека сеуште му беа ладни гумите, а Саинц беше на нови медиум, и првите неколку круга беа најбитни.
До толку е слаб во престигнувања што со „посвежи“ гуми и побрз болид ништо не направе над Строл. Што поголем доказ од ова?
Види го аголот под кој влегува во последната кривина кога го престигна Рикиардо, скоро невозможно да земи залет прописен за да ја одбрани позицијата од Албон. Само што го престигна Саинц не знаеше што линија да фати, логиката ич не му работи, 3-ца во 3 кривини го престигнаа.