Не реков дека е шутрак, ама неможи да го величиме кога факт е дека вози најбрз болид. Кај беше пред 2014 година да победи ? Сега тој е на местото каде што беше Фетел пред турбо ерата.
Еден од условите да освоиш титула во Ф1 е да имаш најдобар болид.
Потоа треба да си одличен пилот во секакви услови за да извадиш максимум од болидот и да победуваш.
Постојано треба да си подобар од тимскиот колега, затоа што во услови на идентични болиди подобар е тој што има повеќе талент во газот.
Шумахер, Фетел, Розберг, Хамилтон, Прост, Сена, Вилнев, Хил...
Сите ги исполнуваат условите од горе.
Од нив никој не возел заедно со Верстапен.
Значи никој од нив нетреба да го величиме.
Еве јас тврдам дека Ландо Норис и Џорџ Расел ако го имаат истиот болид на Верстапен, ќе бидат многу подобри од него во Ред Бул.
Нормално дека Мерцедес ако имаат најдобар болид, ќе се обидат да го потпишат најдобриот возач.
Исто како што Ферари го потпишаа Шумахер на времето.
Исто како што Вилјамс го потпишаа Сена, кога правеа чуда пред да им ја забранат адаптивната суспензија.
Ред Бул мислат дека Верстапен е подобар возач од Рикардо, го задржаа Макс, го шутнаа Даниел. Дали била одлуката правилна? Јас мислам не.
Дали Хамилтон е по целосен профил на возач од Верстапен? Да.
Нема услови каде што Хамилтон неможе да извади максимум од тоа што ќе му го дадат.
Не прави киксови.
Не се млати во дуели со опоненти.
Не е тврдоглав како Макс.
На дожд моментално и нема некој што вози подобро од Луис.
Токму заради тоа добил место и вози во Мерцедес. Има повеќе плусеви во референците како возач, отколку минуси.
Пред 2014 година, Хамилтон освои титула со Мекларен, во В8 ерата кога уште немаше турбо мотори.
Во 2009 во Мекларен колега му беше Алонсо.
Races won: Hamilton 2 Alonso 0
Poles: Hamilton 4 Alonso 1
Podiums: Hamilton 5 Alonso 1
Championship Standing: Hamilton (49 points) 5th | Alonso (26 points) 9th
Момакот е добар, и веројатно ќе стане најдобриот во историјата на спортот. Некои го сакаат, некои го мрзат.
Тоа е. Јебига.