Имаме несекојдневна привилегија во живо да го следиме возењето на веројатно нај трофејниот и нај добриот пилот во Ф1.
Останаа уште неколку статистички рекорди за совладување, но мислам дека тие ќе бидат совладани.
Веројатно ќе постави рекорд во освоени титули, победи, пол позиции, најбрзи кругови. Оваа година веќе ќе се израмни со титулите на Михаел Шумахер, а каде ќе застане со достигнувањата никој неможе да знае.
Луис Хамилтон е најдоброто нешто што Ф1 може да го има за да задржи публика и фанови пред ТВ.
За да биде ситуацијата поинтересна, типот ги руши сите стереотипи. Со своето возење им ги затвара устите на фашизоидните и расистички ликови кои што единствено нешто што можат да направат е да го гледаат и да си ќутат. А, да и да го оспоруваат талентот и достигнувањата на “циганот”.
Штета што наскоро Шумахер ќе биде вториот најдобар возач во Ф1. Ама па и веројатно тоа е данокот што го плати што еготрипен лик како него се дрзна да скија по шугав терен без кацига на глава.
А, да пред да реплицира некој емитивно погоден јунак, еве да кажам дека навивам за Меклрен и не се врзувам за лик за да правам култ околу него.
Го ценам достигнувањето на Луис и го поддржувам затоа што во свет полн со супериорни белци, “циганот” ги шамара сите и никој ништо не му може.