Автор Тема: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019  (Прочитано 18268 пати)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #15 на: 27 Ноември 2019, 21:45:56 pm »
Честито и со здравје да си ја возиш.
Ова мислам е facelift ако не грешам?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #16 на: 27 Ноември 2019, 23:11:42 pm »
Честито на изборот, односот платено-добиено не може да биде подобар!
Какво искуство имаше во процесот на купување во Киа Моторс?
Не те мотаа и правеа будала додека не се откажеш?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #17 на: 28 Ноември 2019, 08:00:31 am »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри !!!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #18 на: 28 Ноември 2019, 13:04:56 pm »
Со здравје да си ја возиш.

Кој ви е тој најдобар  однос вложено/добиено и што добиваш повеќе за парите, освем повеќе лим т.е џип и мотор кој е спор а троши многу  ?  Опремата денес ја има скоро секој нов автомобил.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #19 на: 28 Ноември 2019, 14:09:31 pm »
Добар дизајн надвор и внатре културно опремен и квалитетен ентериер, простор внатре, нема клечење при седнување туку си влагаш како господин, поубава возачка позиција од нагоре, прегледност. Јебига, моторот е таков каков што е ама за парите нема што да бараш повеќе.

Особено што членот рече правел 10.000 годишно нема смисла дизелот, додуша ја би го зел 1.6 турбо варијанта ако прави мала километража.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #20 на: 28 Ноември 2019, 14:21:02 pm »
Дај не почнувајте со зошто СУВ и слично. Со свои пари човек и магаре ќе си купи ако тоа му прави мерак.
Со здравје да се вози иначе, потрошувачката ќе падне на 8.5 низ град што се трпи за таа годишна километража. Топ боја, не ми се чекаше за неа иначе истата ќе ја земев.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #21 на: 28 Ноември 2019, 14:52:59 pm »
Тоа ми беше поентата освем што е СУВ, не добиваш ништо посебно и повеќе за 20К евра (каталог) за разлика од другите возила.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #22 на: 28 Ноември 2019, 15:27:25 pm »
Честито на изборот, односот платено-добиено не може да биде подобар!
Какво искуство имаше во процесот на купување во Киа Моторс?
Не те мотаа и правеа будала додека не се откажеш?
Фала за честитките .
Инаку , со Киа Моторс имав сосема коректно искуство , со оглед дека се знаеме подолого време :-) Идејата ми беше старо за ново да направиме , меѓутоа проценката ниска ми се виде , па сам си го продадов Сидот . За другите работи  се си беше ОК  , јас дадов понуда , они дадоа понуда ...се најдовме на пола пат , ко и секое пазарење :-)
Дај не почнувајте со зошто СУВ и слично. Со свои пари човек и магаре ќе си купи ако тоа му прави мерак.
Со здравје да се вози иначе, потрошувачката ќе падне на 8.5 низ град што се трпи за таа годишна километража. Топ боја, не ми се чекаше за неа иначе истата ќе ја земев.
Со здравје да си ја возиш.

Кој ви е тој најдобар  однос вложено/добиено и што добиваш повеќе за парите, освем повеќе лим т.е џип и мотор кој е спор а троши многу  ?  Опремата денес ја има скоро секој нов автомобил.
Зашто СУВ ... Реално кажано , по планини/терени нема да го возам , највисок терен на кој ќе се качам со него е тротоар некој .
Го земав најмногу заради тоа што имам добро искуство со Киа како бренд (возев Сид 9 години без никаков проблем) ,  а потоа и заради изгледот , мене барем ми се свиѓаше најмногу од сите други коли кои ги гледав по салоните а кои беа во тој ценовен ранг . За моторот , реков и претходно , со оглед на километражата кој ја проаѓам , не ми се исплаќаше дизел да земам , а турбобензинецот беше поскап за 8-9000 евра .

Секој со своите желби , можности , математики ;-)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #23 на: 28 Ноември 2019, 15:31:22 pm »
Честито количе, со здравје да си ја возиш.

Баш ме интересира на отворено каква потрошувачка вади колава со 1.6


Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 965
    • nobrain.dk
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #24 на: 28 Ноември 2019, 18:20:10 pm »
Честитки јас го имам истиот сув веке 2 години и сум презадоволен. Моторот 1.6 си брка работа... си бара малце 4-5000 обртаи за да осетиш убаво повлекување ама и на крај краева нема да се тркаш со него.
За потрошувачката нека се разработи малце и ќе видиш како ке падне под 8
Со здравје да се вози...


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #25 на: 28 Ноември 2019, 21:17:41 pm »
Моторот 1.6 си брка работа... си бара малце 4-5000 обртаи за да осетиш убаво повлекување ама и на крај краева нема да се тркаш со него.

Се спремав да те испцујам до 12-то колено, па си реков чек прво да проверам да не е атмосферец ова..... и стварно да ти било атмо.

Иначе чуму 1.6 атмосферец па и со GDI? Кога веќе мора да е GDI, греота да е атмо :(

Ама како и да е, да те служи долго и да си задоволен. Многу убава боја.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #26 на: 28 Ноември 2019, 22:13:21 pm »
Преубаво аутце, со здравје да се вози. Lunar Silver е или Sparkling Silver? Ако те копирам до крај да те копирам :D

Отсутен Tokiii

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
  • Нема бе чичин!
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #27 на: 28 Ноември 2019, 22:50:30 pm »
Честито за новата кола, со здравје, мерак и уживање да си ја возиш, и убави сеќавања да си правиш!
Истото ти го посакувам
Колата е екстра  ;D


There's a lot of stress...but once you get in the car,all that goes out the window.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #28 на: 29 Ноември 2019, 08:34:05 am »
Честитки. Со здравје да се вози.
Би ти предложил да си ставиш плинче и да му видиш лезет. На 10к километри годишно, вреди инвестиција од 500 евра :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Kia Sportage 1.6 Gdi - 2019
« Одговори #29 на: 29 Ноември 2019, 09:05:25 am »
Честитки. Со здравје да се вози.
Би ти предложил да си ставиш плинче и да му видиш лезет. На 10к километри годишно, вреди инвестиција од 500 евра :)


Ако стави плин отиде гаранцијата од КИА. И јас сакав да си ставам плин на истото возило со истиот мотор меѓутоа добив одговор дека се губи гаранцијата, така да останав да си почекам до истек на гаранцијата. Инаку инвестицијата за плинот е повеќе од 500 евра бидејќи овие ГДИ мотори се специфични за инсталација на плински уред.