Меганот ер стварно чудно возило.
Се убаво како концепт, перфекција од мотор и механика, управливост, менувач прецизен, волан исто така прецизен.
Ама колава е тежок аматеризам од некои аспекти. Многу се затнува од лисја, прашина, сопственикот не е крив. СУм имал многу други возила, на ниедно не сум му се смеел вака. Квалитетот на пластиките е ужас, се се крши, крцна, распаѓа. Замисли пластика во кола стара 10 години се рони и распаѓа, бар знаеме дека е биоразградлива. Вентилација се заиња, одвод се затиња, вода тече од сите страни на вратата на гепекот. Многу чудно богами, бара многу внимание, ама не е кола за некој што нема време.