не, ја за ова што го имам сега (1.3 мултиџет од 2004) реков дека е малку тврдо (не е неудобно ама сепак не ќе беше лошо да беше нешто помеко, мада може и до гумите да е пошто возам една димензија пошироки од фабрички препорачаните, а и не се некои многу квалитетни гуми). Тоа од 1998 што го имав претходно, беше едно од најлошите примероци на Пунто од првата генерација, мислам доволно е што кажав дека беше од Словенија донесено, нема една кола донесена од таму што не е скапана. Тетин ми исто има 55 S од 1998, само ново купено и нема никакви проблеми со него, ама го одржува како што треба, секогаш чиста колата и редовно сервисирана. Жиле од форумов има исто такво Пунто, како ново е количето.
Иначе дека нема полоша кола од Пунто Мк1, не е точно. Пример, дедо ми имаше Матиз со 800 кубика од 2004 година, нов купен. Мизерија невидена: повеќе брчи од што оди, стабилност јок, вожња никаква, повеќе троши од Пунтото итн. Да не збориме за југовци, лади и сл. возила. За нив, Пунто Мк1 е Мерцедес.