Автор Тема: Правила и начини за управување на ПМВ (Патнички моторни возила)  (Прочитано 7043 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Пред да почнам со темава, ако има слична, администрација нека ја спои или премести.

Многу често гледам дека помлади возачи многу погрешно ракуваат со возилото. Односно почнувајќи од лошо седење, лошо подесени ретровизори, како внатрешни така и надворешни, лошо држење на вуправувачот, да не речам воланот, рака на менувач подолго одошто е потребно, држење на волан со една рака во лоша положба итн итн. Се ова влијае на стабилноста и константноста при возењето, а исто така може да има влијание и во безбедноста.

Еве јас ке почнам од воланот. Со тек на времето се менуваат правила и прописи, начини на управување се со цел да се зголеми безбедноста и управливоста на возилата.
Во мое време, далечната 1995 кога полагав и кога добив обука од инструкторот, прво нешто кое што ми беше нагласено беше држењето на воланот и рацете.

Воланот треба со левата рака да се држи во делот од 10-11 часот, а со десната околу 4, се разбира кога не е на менувач.
Раката на менувач се става само доколку се менуваат брзини, а потоа се враќа на волан. Правилното држење на воланот е од огромно значење во управувањето на ПМВ.
Денес гледам дека има сменето некој од правилата, односно се вели дека држењето на воланот треба да е на 9 и 3, по средноевропско време  ;D

Ноооо, доколку имаме потреба од возење кога треба да се користат двете раце, односно едната на менувачот, а другата на волан, тогаш мислам дека многу поголема управливост и простор за маневрирање имаме кога раката би ни била поставена од 10 до 11, него ли на 9.

Единствено најмногу ме нервира кога возачите ги поставувааат рацете на 12, и тоа двете или пак на 11 и 1. Можете да приметите дека во овој случај возилото постојано го менува правецот на движење лево десно, а возачот се уморува за многу кратко време и станува нервозен, со што директно е засегната безбедноста во сообраќајот.

Кои се вашите видувања во врска со ова :)
 :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Единствено најмногу ме нервира кога возачите ги поставувааат рацете на 12, и тоа двете или пак на 11 и 1. Можете да приметите дека во овој случај возилото постојано го менува правецот на движење лево десно, а возачот се уморува за многу кратко време и станува нервозен, со што директно е засегната безбедноста во сообраќајот.
Модерно држење е тоа, во време на мода, мора да се пратат последните модни трендови.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Рецимо доаѓаш до ситуација кај што возилото за момент губи контрола и можеш да се спасиш со минимална и брза контра на волан. Идеалната положба на рацете според мене е 9-3. Со се останато (10-4, 5 за 12 и сл) си ги намалуваш шансите за спасување бидејќи губиш ориентација кај ти се рацете.

Тие BMW позиции со една рука на волан, а друга кај малата меѓу нозе не ги коментирам. А воедно возат коли кои се најподложни на преуправливост (по наше). Затоа и секој ден се по ендеци.

Sent from my SM-G970F using Tapatalk

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Фала што ја почна дискусијава. :)



Како знаеле „на времето“, така учеле. Среќа, одиме напред. Па уште кога ќе ги чујам оние муабети „не ги мотај палците околу воланот, држи ги надвор, да не се деси да удриш во дупка, нагло да се сврти воланот, може да ти ги откине палците“...

Сите обуки на кои сум бил започнуваат со брз курс по правилно седење во кола. Меѓу другото, се зборува и за воланот.

По правило, воланот се држи на позициите 9 и 3. Така се има full range of motion во кривини и (скоро) нема потреба воопшто да се „мота“ воланот од една страна, од друга страна е најбезбедно ако треба да се отвори ербег.

Баш ради ова модерните волани си имаат и „лежиште“ за палци, кое ти кажува каде треба да ги ставиш палците. Плус, најпрецизно е движењето кога рацете ти се таму.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Кај нас највеќе вака се држи раката на воланот.



Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Има причина зошто непотребните делови од воланот не постојат.



Sent from my SM-G970F using Tapatalk

« Последно менување: 29 Октомври 2019, 08:53:50 am zeroSignal »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Мене повеќе ме интересира како ги местите ретровизорите, посебно надворешните.
Знам дека е тешко да се долови со зборови (или слика). Колку оставате да се гледа вашето возило во аголот или колку го местите да фаќа пошироко?
« Последно менување: 29 Октомври 2019, 09:02:55 am balanar »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Мене повеќе ме интересира како ги местите ретровизорите, посебно надворешните.
Знам дека е тешко да се долови со зборови (или слика). Колку оставате да се гледа вашето возило во аголот?

Еве вака грубо:


Мааалкуцка да се ѕирка колата твоја, за да имаш референца дека е на место ретровизорот и не е изместен па да гледаш погрешна работа. И остатокот хоризонтот да е околу средина или маалкуцка нагоре. Толку. Нема филозофија.

Обично грешката е кога пола ретровизор го ставаат да си ја гледаат вратата. Тоа не е потребно. Треба само малку да ѕирка твојата кола само за референца. Не да зафаќа пола огледало.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Добра слика, отприлика ми е и на мене овака кога возам генерално.

Возејќи секој ден на автопат, некако забележав дека добив навика на 2 подесувања за левиот ретровизор (отворен пат и градска). Но не градска во Скопје, туку во градот во кој живеам. На автопат го ставам некако пошироко да фаќа и минимално ја гледам својата кола бидејќи ми треба константна прегледност на далеку од левата лента (при престигнување) да не налета некој.

Додека низ град го намалувам малку аголот (и изгледа повеќе како сликата на @Deni ) бидејќи ги пазам будалите позади мене...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Незнам како „ги гледаш“ будалите позади тебе, кога реално само колата си ја гледаш ако го доближиш аголот понавака.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2185
Незнам како „ги гледаш“ будалите позади тебе, кога реално само колата си ја гледаш ако го доближиш аголот понавака.

Не, како на твојата слика ми е стандард.
За на автопат ептен минимално го зголемувам аголот. Бидејќи знам да се исправам скроз и многу полесно го гледам ретровизорот. Низ град се вози подгрбавено, реално.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Вртење со подавање на воланот!? Да се стрела идиотот што го измислил овој потег, јавно, на плоштад. Не можам да ја одвикнам лепша половина од ова, кога е сконцентрирана и ги држи рацете на 9/3 вози мазно и прецизно, штом почне да подава одма цела кола сецка и шантра ко да има 3 промили у крв.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Ретровизори?! на кого му требаат ретровизори, коа си најбрз?!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3418
Ретровизори?! на кого му требаат ретровизори, коа си најбрз?!
Плус, конкретно во Скопје, пола шофери немаат дополнето течност за трепкачи и не им работат...