Колеги форумџии, да ви го претставам моето ново возило.
Веќе имам две теми овде, за Голф 1 GTI, и Голф 3 GTI.
Пред некое време решив да ја огласам тројката и да се подновам со ново возило, па во консултации со брат ми се решивме за ова.
Станува збор за Skoda Karoq Sportline 1.5 TSI.
Карактеристики:
1.5 TSI 110kw/150ks со мануелен 6-брзински менувач
Сива металик боја / Quartz grey
Црн ентериер
Покрај сериската опрема додадов и дополнителна опрема.
Сериска опрема:
Дополнителна опрема:
-Предни и задни паркинг сензори
-Full LED светла со AFS, LED предни светла за магла и Corner функција
-Воздушни завеси за глава и странични перничиња напред
-Автоматски, двозонски клима уред - Climatronic
-Темпомат со ограничувач на брзина
-Радио “Bolero” со 8” екран на допир, гласовни команди
-Smart Link
-Држач за наочари
-Отстранлива LED светилка и карго елементи во багажникот
Возилото е купено во МКМ Ауто - Струмица, прилика да му се заблагодарам на @andrej_111 за квалитетната и брза услуга.
Sent from my iPhone using Tapatalk