Коментарите ми беа посочени уште во времето кога размислував конкретно за тој мотор.
При толку коментари и кревање прашина, сигурно има проблем.
Но, кај мене, ~4500 километри покасно, не сум осетил било каков проблем, нит “kangarooing” како што е опишано, ниту губење снага при промена прва-втора.
Баш напротив, досега се покажа супер моторчето.
@Lhasa Green Честитки за новото ауто и се надевам добро те служи до сега.
Реално, колку е голем за патниците, дали е како голф или можеби октавија?
Како се има покажано овие неколку месеци?
Интересно ми се гледа како фамилијарно ауто, па веројатно и би закажал тест вожња со 1.0 TSI, ем да видам како оди, а и дали ќе ме собере мене (2 метра) напред и да има доволно простор позади мене да седне некој.
Еве ова ми е баш од пред ден два сликано, 4444 км после нешто повеќе од 4 месеци.
Јас сум презадоволен од се што нуди возилото.
Мислам дека со простор во кола нема да имаш проблем, позади тебе комотно ќе може да се смести патник.
Ако пробуваш 1.0 TSI сподели искуство, јас немав прилика да го пробам.
Sent from my iPhone using Tapatalk